Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Евролига: Kошаркарското „Ел Класико“ за Реал Мадрид

0
By Нова ТВ on March 22, 2017 СПОРТ
Фото: euroleague.net
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 22, 2017 23:35

Реал Мадрид го доби кошаркарското „Ел Класико“ против Барселона во 27. коло во Евролигата и на три гола до крајот на основниот дел на сезоната се врати на лидерската позиција на табелата. Конечни 85:69 за „кралскиот клуб“ кој беше подобар во три четвртини од средбата.

Победникот беше решен по првите две четвртини. Мадриѓани на одмор заминаа со големи 14 поени ралика (22:13 и 19:14) и во продолженија рутиснки го доработија вечниот ривал. Серхио Љуљ и овојпат беше најдобар поединец на теренот со 21 поен, три скока, шест асистенции и две освоени топки. Густаво Ајон додаде 14 коша, Ентони Рендолф уфрли 13. По 12 за Каталонците запишаа Анте Томиќ и Тајрис Рајс.

Олимпијакос го „преживеа“ белградскиот пекол, Принтезис кобен за Црвена звезда

Олимпијакос се протна низ иглени уши во белградска „Комбанк арена“. Тимот од Пиреја ја совлада Црвена звезда со 66:64 по продолженија. Кобен за домашните беше Принтезис со погодокот на три секунди пред крајот. Џенкинс се обиде да возврати од пола терен, но беше непрецизен.

„Црвено-белите“ пропуштија да слават против „братскиот“, по бои, ривал од Атина. По првите два периода имаа 17:30, третиот го одиграа како во транс и фатија резултатски чекор во мечот, а одлично влегоа и во завршните десет минути. Но, не продолжија во ист ритам, па Олимпијакос ја зграпчи укажаната шанса. Грчкиот состав најпрво се избори за нерешени 58:58 и екстра баскет минутажа во која беше подобар со 6:8 за конечни 64:66.

Фото: euroleague.net

Костас Папаниколау со 17 коша, Димитриос Аграванис со 16 и Јоргос Принтезис со 15 ги преводеа атињаните со 20 триумф во сезоната, Гудуриќ со 14 поени и Џенкинс со 13 беа први стрелци во екипата на Дејан Радоњиќ.

Олимпијакос е сигурен четвртфиналист во Евролигата. Црвена звезда, пак, го држи последното место што води во топ 8 со 15 победи колку и Анадолу Ефес на седмта позиција. Олеснителна околност за белграѓани беше победата на ЦСКА Москва против Дарушафака со 95:85.

Евролига

Резултати, 27 коло

Реал Мадрид – Барселона 85:69

Галатасарај – Уникс Казан 75:67

Црвена звезда – Олимпијакос 64:66 (по продолженија)

ЦСКА Москва – Дарушафака 95:85

Фенербахче – Макаби Тел Авив 79:81

Панатинаикос – Милано 74:61

Бамберг – Басконија 71:96

Жалгирис – Анадолу Ефес 68:76

Барселона Евролига кошарка Реал Мадрид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.