Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европа подготвува План за стабилност на демократијата

0
By Светлана Јовановска on November 2, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 2, 2016 15:55

Европската унија има двојни стандарди. Ова е критиката на сметка на ЕУ која редовно може да се чуе не само кај нас туку насекаде во светот, особено во земјите кои се предмет на критика од страна на ЕУ.

Европскиот парламент (ЕП) сака да го реши овој сериозен проблем кој му огромна прави штета на имиџот на ЕУ во земјите членки и на гласот на ЕУ во светот. Со големо мнозинство од над 400 гласа «за», европските пратеници пред неколку дена изгласаа резолуција и побараа од Европската комисија (ЕК) да воведе механизам на годишна контрола на почитувањето на фундаменталните права кај земјите членки на ЕУ. Еден вид противтежа на непочитувањето на правната држава. Како што тоа се случува во Унгарија и Полска а ЕУ практично нема механизам со кој може да му се спротивстави на ова однесување.

Парламентот и постави рок на Комисијата. Предлогот за овој механизам треба да биде готов најдоцна до септември 2017 година.

intveld

За иницијаторката на оваа резолуција, Холанѓанката Софи Ин’т Велд “демократијата не е за кукавици” а ситуацијата со Унгарија и со Полска “ја покажува слабоста на механизмот што денес постои”.

Ситуацијата во Полска

Од доаѓањето на власт, пред точно една година, на партијата Право и правда во Полска, помеѓу оваа земја и ЕУ се одвива битка.

Европските критики за Полска се однесуваат пред се на реформата на Уставниот суд изгласана во декември 2015 година и на новиот закон за јавните медиуми. Проблем е новиот закон за Уставниот суд кој отвора широка порта преку која властите ќе можат во овој суд да поставуваат судии кои и се верни и послушни на власта. Закон кој е ризик за независноста на овој суд и европските вредности.

Суспензијата на правото на глас во ЕУ е позната како “тенковско оружје” и токму поради тежината на санкцијата таа никогаш досега не била активирана.

Освен тоа, Полска не сака да чуе за европска солидарност во приемот на бегалците, одбивање кое сериозно ја иритира Комисијата.

baiser

Жан-Клод Јункер и бакнува рака на полската премиерка Беата Шидло

И бидејќи Полска се однесува како да не ги слуша европските критики, ЕК и се заканува на Полска дека ќе го извади “тенковското оружје” и ќе и го суспендира на Полска правото на глас во ЕУ.

И Унгарија е проблем

И Унгарија е проблематична. Уште од почетокот на владеењето на премиерот Виктор Орбан ЕУ смета дека во оваа земја се воведува авторитарен режим а некои дури дека Унгарија треба да биде исклучена од ЕУ. Владата донесе повеќе закони кои ги намалуваат слободите, пред се со реформа на Уставот и на медиумите. Унгарија крена ѕид за да ги сопре мигрантите, нејзините односи со Русија се амбивалентни, Орбан сакаше да воведе смртна казна, ја прогласи Унгарија за “илиберална”, организираше референдум за имиграцијата… Провокациите на Орбан ја нервираат ЕУ која се закани дека и на Унгарија ќе и го суспендира правото на глас.

orban

Јункер и унгарскиот премиер Орбан и припаѓаат на иста политичка група

За многу познавачи на европските состојби, ЕУ е далеку поостра со Полска отколку со Унгарија. Причина: полската партија Правда и право не е дел од најголемата политичка демо-христијанска европска група, Европска народна партија (ЕНП), за разлика од партијата на Орбан. ЕНП го критикува Орбан но само зад затворени врати, вели наш извор во ЕП. А критиките за Полска се јавни.

Пакт за стабилност на демократијата

Оттука и идејата за нов механизам за заштита на правната држава во ЕУ.

Парламентарната резолуција бара новиот механизам да ги оцени демократијата, владеењето на правото и на фундаменталните права. Моделот со кој треба да се води Комисијата веќе постои во економскиот Пакт за стабилност кој ги мониторира економските политики на земјите членки.

Франс Тимерманс, вториот човек на ЕК, признава дека е неопходно да се заштити правната држава бидејќи “ксенофобијата се шири насекаде во ЕУ”.

Преку овој механизам ЕК секоја година би направила извештај во консултација со независни експерти а извештајот би имал препораки за секој од земјите членки.

Механизмот треба да воведе и санкции. Лисабонската европска повелба предвидува санкции за земјите членки поради «тешко нарушување» на фундаменталните права како суспензија на правото на глас во ЕУ.

Суспензијата на правото на глас во ЕУ е позната како “тенковско оружје” и токму поради тежината на санкцијата таа никогаш досега не била практикувана.

Оттука, парламентарната резолуција предвидува финансиски санкции и суспензија на европските фондови.

ЕК се чини се уште не е убедена дека е потребен нов механизам.

Франс Тимерманс, потпретседател на ЕК, признава дека е неопходно да се заштити правната држава бидејќи “ксенофобијата се шири насекаде во ЕУ”. Тој повикува на поефикасно користење на постоечките алатки наместо креирање нови.

Европки парламент Европска комисија ЕУ Пакт за стабилност на демократијата Полска Унгарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 1, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

ВЕСТИ July 1, 2026

Ирска денеска го презема шестмесечното претседателство со Советот на Европската Унија од Кипар, за време…

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.