Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европратеници со амандман ќе инсистираат на екстрадиција на Груевски

0
By Нова ТВ on November 28, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: Ројтерс (ДВ)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 28, 2018 08:12

Собранието му го одзеде пратеничкиот имунитет на поранешниот премиер Никола Груевски, кој избега и доби азил во Унгарија, а негова екстрадиција, по Македонија, бараат и неколкумина европратеници.

На вчерашната пленарна седница, без расправа, со 62 гласа „за“, во отсуство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, беше прифатена препораката на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања за одземање на имунитетот на  Груевски, на барање на судот поради одредување мерка притвор за предмети што ги води Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не присуствува и на седницата на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, која претходно со пет гласа „за” ги усвои шесте барања од судот за одземање на имунитетот на Груевски.

Претседателот Комисијата Павле Богоевски, кој беше единствениот што се произнесе за случајот на седницата, побара одговорност и завршување на истрагата за бегството на Груевски.

Богоевски изрази разочарување што, како што кажа, нашиот систем не го обезбеди Груевски за издржување на двегодишната казна за набавката на луксузниот мерцедес во предметот „Тенк“  на СЈО.

Одземањето на имунитетот следи по барањето на судот за мерка притвор за предметите на СЈО  „Титаник“, „ТНТ“, „Траекторија“, „Насилство во Општина Центар“…  во кои е обвинет Груевски и за кои ќе му се суди во отсуство.

Иако му е одземен имунитетот, поранешниот премиер и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, и натаму го задржа пратеничкиот мандат.  На пленарната седница на 9 ноември, Собранието не донесе одлука да му го одземе мандатот, за што, за разлика од имунитетот, се одлучува со двотретинско мнозинство.

Според одлуката од неодамнешната средба на координаторите на пратеничките групи и потпретседателите на Собранието, платата на Груевски ќе се намалува за пет отсто со секои три отсуства од пленарните седници. Тогаш е дговорено и по изминување на шест месеци неоправдано отсуство на Груевски, повторно да биде ставено на дневен ред одземањето на неговиот пратенички мандат.

Паралелно со одлуката за одземање на имунитетот, а во пресрет на дебатата и гласањето за резолуцијата на Европскиот Парламент за Македонија, македонски политичари и европратеници изјавија дека се очекува амандманот на социјалдемократите во којшто се бара екстрадиција на Груевски од Унгарија, да биде поддржан од мнозинството европратеници.

– Остварив средби со сите политички групи, и имам впечаток дека ќе биде поддржан амандманот на Социјалдемократите, а зошто не и оној на Зелените. Она што е важно е што чувствуваат потреба да влезе делот околу бегањето на поранешниот премиер во извештајот, изјави заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски по вчерашните средби со европратеници.

Поддршка за амандманот на социјалдемократите очекува и европратеникот од оваа група Кнут Флекенштајн, кој вели дека ќе добие поддршка вклучително и од „големи делови од Европската Народна Партија, секако без унгарските европратеници“.

– Станува збор за градење на владеење на правото, ова не е мала грешка. Тој исчезна во земја членка на ЕУ. Тоа е спротивно на владеењето на правото, не го толерираме тоа во земји кандидати и сигурно нема да толерираме земји членки да го саботираат владеењето на правото, изјави Флекенштајн, кој  е уверен дека прашањето за азилот на Груевски во Унгарија нема да остане само на извештајот на Европскиот Парламент и порача оваа институција наскоро да отвори поширока дебата на темата.

Во однос на бегството на Груевски, како што информираше првиот човек на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска веќе се собрани дел од доказите. Таа посочи дека  немаат утврдено со 100 процентна сигурност дали тој легално ја поминал македонската граница.

Русковска смета дека е неблагодарно во предистражна постапка да се лоцира одговорност за бегството на Груевски и додаде дека е потребно време да се утврди кога и на кој начин избегал од државата.

 

амандман Груевски екстрадиција ЕП имунитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.