Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ф. Лазаров: Одбраната го доби Бахреин, со Хрватска ќе видиме до каде сме

0
By Нова ТВ on January 13, 2019 СПОРТ
Фото: handball-world.news
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Филип Лазаров имаше задоволителен настап во мечот против Бахреин што Македонија го доби со 28:23 во „Олимпијахале“ во Минхен. А, имаше и што да каже во микс зоната по вториот настап на националниот тим на Светското ракометно првенство во Германија и во Данска. Играчот на Ратинген ја истакна играта во одбрана како пресудна за конечниот резултат на сметка на фазата во напад што продуцира многу грешки и избрзани удари кон противничкиот гол.

„Одбраната го доби дуелот. Бахреин се мачеше цело време во напад освен при шутеви што реално тешко се бранат. Од Јапонија примивме 29 гола за што наидовме на забелешки. Во вториот меч на СП дозволивме шест помалку со тоа што последните 10-15 минути се играше порелаксирано“, изјави помладиот од браќата Лазарови.

Македонија ќе има некој час повеќе од едно деноноќие за рекуперација и подготовка за наредниот натпревар на мундијалот. Мечот со Хрватска е закажан за утре попладне (18 ч.), а момент плус што може да оди во полза на составот на Раул Гонзалез е фактот дека „коцкестите“, пак, ќе имаат некој час помалку со оглед дека излегоа на терен со Јапонија во „Олимпијахале“ по македонската средба со вицепрвакот на Азија.

„Дуелот со Хрватска е најважен за нас на овој турнир. Тоа ќе биде прилика да видиме до каде сме и колкава ни е силата во моментов. Хрватска е фаворит и за нијанса е посилна. Има поширок ростер, подолга клупа и, можеби, поискусни и поквалитетни поединци. Но, на терен ништо не се знае и ќе чекаме наша шанса. Имаме квалитет да одиме на победа на секој натпревар“, истакна Лазаров и притоа ја нагласи минутажата што помладите ја добија против Бахреин како и можноста за штедење на силите кај поискусните бидејќи и резултатот остави простор за тоа.

Левиот бек на националниот тим порача дека калкулациите не се предмет на размислување. Пред ракометарите се три меча во кои не се фаворити што беше случај во претходните два и на Хрватска, на Шпанија и на Исланд ќе се пристапи без задршка, па што биде нека биде. Калкулантски однос, според Филип Лазаров, не постои во спортот и како што заклучи и самиот „знаејќи го селекторот, Македонија ќе оди на победа на секој меч до крај“.

Бахреин Македонија Ракомет (м) СП 2019 Филип Лазаров Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.