Светската организација за борба против перење пари (ФАТФ) денеска ја стави Турција под надзор поради пропусти во борбата против перење пари и финансирање на тероризaм.

Шефот на ФАТФ, Маркус Плејер изјави дека „сè уште постојат сериозни проблеми“ при контрола на финансиските операции во Турција, поради што организацијата ја вклучила Турција во својата сива листа на земји под засилен надзор поради стратешки недостатоци во нивните режими за борба против перење пари и финансирање тероризам.