Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФФМ: Најодговорно тврдиме дека нема даночно затајување и работиме по закон

0
By Нова ТВ on March 2, 2019 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 2, 2019 04:18

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) негира даночно затајување и фалсификување или уништување на деловни книги, дела за кои Управата на финансиска полиција поднесе кривични пријави до Основното Јавно Обвинителство (ОЈО) против неа како правен субјект и против нејзиниот поранешен претседател Илчо Ѓорѓиоски.

„Најодговорно тврдиме дека секогаш сме работеле и ќе работиме согласно Законот за сметководство на непрофитните организации. Подолг период подлежиме на координирани инспекциски надзори и контроли од страна на државните органи и институции. Финансиското работење на Фудбалската федерација на Македонија доби позитивни извештаи и од Управата за јавни приходи и од независните ревизори“, пишува во соопштението на ФФМ.

Како што е наведено, пак, во соопштението од Финансиската полиција, делата за кои се товари екс претседателот на ФФМ се сторени во перидот од 1 јануари 2017 до 27 февруари 2018. Ѓорѓиоски, според Финансиската полиција, „свесно и со намера во име и на сметка на ФФМ прикажал лажни и невистини податоци во завршната сметка за 2017 година што на 27 февруари лани ја поднел до УЈП и Централниот регистар“.

Поранешниот прв човек на Федерација се сомничи дека во сметководствената евиденција не извршил отпис на ненаплатени побарувања од купувачи постари од три години и тоа од ликвидираниот субјект АД Тобако Скопје во износ од 10.639.293 денари и од АД Југохром Јегуновце во износ од 6.169.832 денари.

На ваков начин како што велат од Финансиската полиција, Ѓорѓиоски не ја зголемил даночната основица од непризнати расходи за даночни цели, за кој износ не пресметал и не платил данок на добивка со што ФФМ остварила противправна корист од 1.680.912 денари.

„По однос на обврските на АД Тобако Скопје беше инициран судски спор чиј исход е позитивно потврден во корист на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Истиот е даден на наплата до надлежен извршител. По отворање на стечајната постапка за АД Тобако Скопје, долгот е навремено предјавен и истиот е позитивно утврден и признат од страна на стечаен управник и стечаен судија во соодветна постапка со што ова побарување на Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) е признато и утврдено во стечај“, се наведува во реакцијата на ФФМ.

Во вториот дел од дописот на ФФМ е посветен простор на случајот со АД Југохрам Јегуновце.

„Посочениот деловен однос со АД Југохром Јегуновце е од 2010 година по што во 2013 година е склучено правно дело со кое се утврдуваат права и обврски за двете договорни страни. Обврските кон Фудбалската федерација на Македонија се исплатени во целост од страна на правен субјект – пристапувач кон долг“.

Од ФФМ истакнуваат дека официјално немаат добиено никаков формален документ.

„Како сериозна и професионална институција сме подготвени да го потврдиме нашето законско работење пред соодветните органи“, е пораката од ФФМ.

На крај на соопштението се наведува дека ФФМ има побарување во износ од 7.492.059.00 денари од Управата за јавни приходи.

данок Затајување пријава реакција фудбал ФФМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.