Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Амбасадата на САД е суштински поддржувач на здравствениот систем

0
By Sashko on June 25, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за здравство Венко Филипче, амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Мери Брнз и директорот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Шабан Мемети, денеска направија обиколка во новата Biosafety level 3 лабораторија, како и на микробиолошките лаборатории во Институтуот, чија реализација и реконструкција беше изведена со донација од САД.

– Заедно со амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз го означуваме почетокот на работа на еден многу важен дел во целото менаџирање на оваа криза, а тоа е лабораторијата за микробиологија во рамки на Институтот за јавно здравје. Токму Институтот изминатата година ипол интензивно работи на менаџирање на целокупната криза, како во делот на претклиничкото менаџирање, така и во делот на мерките и препораките. Вработените во оваа лабораторија цела измината година, практично 24 часа работат и ги зголемуваат капацитетите во делот на тестирањата, но и во овој дел што го направивме. Тоа е надградба која е единствена во регионот и има biosafety level 3, што значи дека се на соодветен начин акредитран да детектираат секаков тип патогени предизвикувачи на каква било болест, изјави министерот Филипче, потенцирајќи дека сме целосно подготвени да менаџираме  каква било криза која во иднина евентуално може да се случи, во смисла на нов бран, не само нас, туку и во целиот регион.
Проектот што е донација од САД е започнат во 2018 година, пред воопшто да започне пандемијата на ковид-19, рече амбасадорката Брнз, посочувајќи дека оваа донација е инвестиција во здрaвствената безбедност на нашите како што рече „нашите партнери, што беше неопходна“.
– Ова е важен ден затоа што имам можност да го посетам финализирањето на проектот кој го започнавме уште во 2018 година. Проектот се реализираше и во услови на времетраењето на пандемијата и да се види завршувањето на овој проект ја потенцира заложбата на сите страни засегнати при реализацијата. На овој начин се потврдува дека со правилната инвестиција, може да се реализираат чуда. Особено сум горда што ова нуди нов потенцијал за напредување. Една од работите што ја научивме од пандемијата е дека можеме да ги победиме глобалните предизвици само со заеднички напор, со инвестирање во лекарите, во научниците. Како и во САД и тука вашите лекари и научници беа предводници на тој пат – изјави амбасадорката Брнз.
Министерот за здравство, Венко Филипче и директорот на ИЈЗ, Шабан Мемети ја изразија својата благодарност до амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз за поддршката во реализацијата на овој проект, како и за заложбите и придонесот во целокупниот процес при справувањето со ковид пандемијата.
– Посебна чест ми е да искажам благодарност кон народот на САД кој преку нивната амбасада на Република Северна Македонија и преку канцеларијата за одбрана покажаа разбирање и спремност за ова реновирање како и за донираната опрема во текот на целокупната пандемија, изјави директорот на ИЈЗ, Шабан Мемети.

Со оваа донација од близу 570.000 долари, вкупната помош што САД ја дадоа на нашата земја да се зајакне целокупниот здравствен систем изнесува близу два милиони долари. Амбасадата на САД е наш партнер во справување со пандемијата со ковид-19 уште од самиот почеток. Благодарение на нивната поддршка во целокупниот изминат период во неколку наврати, во првиот и во вториот епидемиолошки бран беа надополнети залихите на лична заштитна опрема, како и на техничката опрема која беше неопходна за спроведување на работата на медицинскиот кадар. Медицинска опрема беше доделена за третман на пациентите заболени од вирусот во текот на првиот бран кога и најмногу ни требаше, која се состоеше од кислородни концентратори, мобилни ехо машини, ЕКГ машини и монитори за следење на состојбата на пациентите. Во текот на вториот епидемиолошки бран, значајна донација од страна на Амбасадата на САД доби и УК за Гинекологија и акушерство во Скопје, Специјализираната болница за геријатрија и палиативна нега 13-ти Ноември. За Институтот за јавно здравје беше обезбедена значителна донација на тестови за детектирање на Ковид 19 вирусот и дополнителна опрема за контрола и превенција во лабораторијата. Институтот за јавно здравје доби ПВР машина во реално време (PCR real time) машина која беше од особена важност за нас. Благодарение на сите овие донации се зголеми капацитетот за тестирање и дијагностика на Ковид 19 вирусот. Во изминатиот период со средства обезбедени од Амбасадата на САД во Македонија се реализираа проектите за обнова во Психијатриската болница во Демир Хисар и на Клиниката за максилофацијална хирургија во Скопје.

амбасада Венко Филипче донација ИЈЗ Кејт Мери Брнз Македонија САД Шабан Мемети
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.