Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Рано е за отворање на границите, стратегиите може да паднат во вода

0
By Нова ТВ on May 20, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 20, 2020 14:35

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека сè уште е рано за отворање на границите затоа што, според него, доколку се отворат огромен дел од мерките и бенефитите на националните стратегии можно е да паднат во вода. Тој смета дека отворање на границите треба да биде координирано со соседните земји и појасни дека тоа било и причина за посетата на Грција.

„Ние сметаме дека отворање на границите мора да биде координирано ако ништо друго меѓу соседните земји и тоа беше причина за посетата на Грција и работите кои таму ги дискутиравме во однос на начинот на кој што ќе се минува границата во однос на потребните тестови и во однос на евентуалниот начин на било кој заболен од земјите, кои ќе се сложат на тој договор да добијат бесплатна здравствена заштита доколку при престој во некои од овие земји заболат од коронавирусот. Испративме официјално писмо до грчкото Министерство за здравство со кое ги формализиравме сите овие поенти кои ги разговаравме за време на состанокот и го чекаме нивниот одговор“, рече Филипче.

Тој додаде дека Србија донела одлука за отворање на границите, но смета дека за нашите услови, тоа е уште рано. Сепак, како што рече, како Влада одговараат на сите барања за патувања на поединци кои треба да патуваат во странство или странци кои доаѓаат кај нас, така што додаде дека нема ништо компромитирачко.

„Во моментот кога ќе се отворат границите, навистина е можно огромен дел од мерките и бенефитите на националните стратегии да паднат во вода. Затоа сметам дека треба многу внимателно да се пристапи кон ова прашање. Нема потреба од брзање, ние имаме систем во кој што одговараме на апсолутно сите барања за патувања на поединци кои треба да патуваат во странство или странци кои доаѓаат кај нас или наши луѓе кои се враќаат во нашата земја преку Централниот штаб во Владата така да ништо не е компромитирано во однос на тоа, но мислам дека многу внимателно треба да се пристапи на прашањето“, рече тој.

Во однос на прашањето како ќе се пристапи за ова прашање со соседните земји, Филипче одговори дека министерот за надворешни работи вчера имал состанот со повеќе земји од соседството, но ќе останат да го чекаат одговорот од Грција и тој документ би го понудиле на соседните земји.

Во договорот ќе треба да се изнајде решение за полесно минување на границите, за тоа како да се избегнат гужвите, начинот на поминување на граници, дали ќе бидат потребни тестови и бесплатното болничко лекување. Најважната обврска, како што подвлече Филипче, е да се обезбедат услови и патувањето на граѓаните и самиот престој во другата држава, бидат што е можно побезбедни.

Венко Филипче Граници Коронавирус мерки Отворање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.