НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Викендов ќе разговараме за отворање на границите без тестови и карантин

0
By Нова ТВ on June 19, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Викендов ќе се разговара за целосно отворање на границите за слободен проток на граѓани без тестови и изолација, а конечната одлука за тоа би можело да биде донесена на почетокот на следната недела, најави министерот за здравство Венко Филипче.

„Отворањето на границите бара координација на сите земји во регионот. Проценката е дека сите имаме сличен или ако не ист епидемиолошки ризик, исти карактеристики за време на првиот бран и временски во однос на интензитетот и со очигледно исти карактеристики, само што ние сме први кои изреагиравме. Но, многу е битно да имаме координација за да се следат сите контакти доколку тоа е потребно. Ние ќе разговараме за отворање на границите за време на викендот и одлука ќе донесеме на почетокот на следната недела“, изјави Филипче за ТВ 21.

Со отворањето на границите во целиот регион, посочи министерот, карантините ја губат смислата заради тоа што веќе ќе има слободен проток на граѓани, возила итн.

„Секои два-три дена имам билатерални контакти и телефонски разговори со сите министри за здравство од соседните земји како Грција, Бугарија, Албанија, Косово, Србија со цел да ги споделиме искуствата и динамиката на новооткриени случаи. Донесовме одлука дека сите странци од околните соседни земји, доколку се затекнат во нашата земја и покажат симптоми или се сомнителни или се јавуваат во болница, ќе добијат бесплатно лекување“, рече Филипче.

Тој очекува дека и сите соседи ќе покажат солидарност околу третирањето на нашите државјани кои се затекнати во нивните земји, заради тоа што, како што рече, една ваква силна пандемија со ваков ризик во сите земји е идентичен.

Во врска со тоа како ќе се третираат членовите на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР кои треба да пристигнат во земјава за да ги набљудуваат претстојните парламентрани избори, Филипче истакна дека за сите наши или странски граѓани кои ќе доаѓаат од надвор ќе важат истите протоколи и нема да има никакви исклучоци.

Венко Филипче Граници Карантин Коронавирус Отворање тестови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.