Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипов:Очекувам ВМРО ДПМНЕ да повика да се гласа по сопствено мислење

1
By Соња Петрушевска on September 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На официјалниот старт на референдумската кампања, од ВМРО ДПМНЕ најавуваат дека утре на седница на Извршен комитет ќе го дефинираат ставот за референдумот – дали ќе повикаат на бојкот или да се гласа против Договорот. Партискиот претседател Христијан Мицкоски по средбата со Меркел кажа дека во текот на оваа недела партиските тела ќе ја донесат конечната одлука. Мицкоски не кажа што точно му рекла Меркел, но дипломати коментираат дека германската канцеларка зборува „без ракавици“.

„Таа е апсолутна секогаш директна – колку што јас ја познавам, а имав прилика 5 години да соработувам со неа таа секогаш го кажува тоа што мисли“, вели поранешниот амбасадор во Германија Ѓорѓи Филипов.

Филипов очекува дека по посетата на Меркел, ВМРО ДПМНЕ нема да повика на бојкот.

„Мислам дека ВМРО ДПМНЕ е сериозна партија која застапува огромен дел од гласачкото тело и дека ќе донесе правилна одлука – дека ке го повика гласачкото тело да постапи според своето убедување, односно нема да го повика гласачкото тело на бојкот“, вели Филипов.

Ѓорѓи Филипов екс амбасадор во Германија

Тој верува дека пораките од европските политичари кои деновиве ја посетија Македонија стигнале и до гласачите и вели дека вакви посети не треба да изненадуваат.

„Европските политичари доаѓаат во Македонија затоа што ние сме се декларирале дека сакаме да бидеме членка на ЕУ, тие сакаат да видат кој им доаѓа во семејството и дали гласачкото тело е заинтересирано за приклучување во ЕУ“, коментира Филипов.

Aкадемикот Владо Поповски, кој е и член на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје денеска рече дека не можеше да се направи подобар договор и оти е илузија доколку некој каже дека би склучил подобар од овој. Тој кажа дека ќе излезе на референдумот.

„Добро ја познавам грчката историја, јас потекнувам од место близу со границата со Грција, дел од фамилијата е во Грција. Ова е максимумот што можеше да го добиеме. Дека некој друг би склучил подобар договор од овој е илузија. Ако има, треба да каже конкретно како може да направиш подобар“, рече академик Поповски.

Освен Поповски, викендов и основачи и екс функционери на партијата повикаа да се гласа на референдумот. Во писмото се потпишани 19 луѓе, меѓу нив и првиот претседател на партијата, Љубчо Георгиевски, основачот Гојко Јаковлевски, поранешни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, поранешни носители на високи партиски и државни функции. Во писмото тие пишуваат дека претстојниот референдум е продолжение на првиот од 8 септември 1991 и со него ќе се заврши конечното меѓународно етаблирање на Македонија.

Германската канцеларка Меркел не даде изјава по средбата со Мицкоски, но на прес конференцијата во Владата кажа дека за клучни прашања во државата треба да се има национална и заедничка одговорност. Таа исто така јасно порача дека „влезот во ЕУ и НАТО е возможен само ако референдумот биде успешен“. Без да се имплемeнтира Договорот со Грција, земјава не може да се надева на членство во овие организации каде што одлуките се носат со консенуз. Меркел, Столтенберг, Курц и американскиот сенатор Рон Џонсон ги повикаа гласачите на 30 септември да не седат дома, туку да гласаат по свое убедување и да го кажат својот став за иднината на земјата.

Референдумската кампања ќе ја водат 71 пратеник

Претседателот на Алијанста на Албанците, Зијадин Села денеска ги повика своите членови да гласаат „за“ на референдумот.

„Цената за зачленување на Македонија во НАТО не треба да биде корупцијата, цената за зачленување на Македонија во НАТО треба да биде транспарентноста, треба да биде честа и треба да биде градењето на иднината. Има алтернатива за се, само за една работа нема алтернатива, а тоа е НАТО и Унијата“, рече Села.

Тие ќе организираат дебати со граѓаните под мотото „за НАТО и за ЕУ“.

И од движењето „Беса“ денеска на прес-конференција најавија дека ќе го поддржат претстојниот референдум и дека ќе го мотивира албанското население што помасовно да излезе на 30 септември и да гласа „за“.

– Бидејќи референдумот и уставните промени се дел од истиот процес, но во две различни фази, ние во оваа фаза понудувајќи ги потребните аргументи, ќе го мотивираме албанското население што по масовно да излезе на 30 септември и да гласа „ЗА“ на денот на гласањето. Во втората фаза, односно отворањето на уставните измени ќе се ангажираме во согласност со нашите програмски определби и очекувањата на албанското население барањето за прецизно утврдување на терминот од „20 проценти“ да се замени со „албански” и „албански јазик” – изјави Аријанит Хоџа од „Беса“.

Слоганот под којшто ќе настапува „Беса“ е „ДА за НАТО и ЕУ како Албанец, а не како процент”. Во следните 20 дена планираат да одржат средби со граѓани на кои ќе ги презентираат придобивките од влезот на Македонија во НАТО и ЕУ.

Во кампањата за референдумот ќе се вклучат 71 пратеник од сите пратенички групи, освен од ВМРО ДПМНЕ.

Носител на кампањата е Собранието на Република Македонија, а претседателот на Парламентот Талат Џафери во петокот најави дека ќе ја водат кампањата транспарентно, непосредно и директно, без дискриминација, предрасуди и со почитување на волјата на секој граѓанин.

ВМРО-ДПМНЕ Меркел референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.