Утрово во близина на касарната во местото Варс-Алиер-е-Рисе во централна Франција маж се обидел  да прегази група француски војници, припадници на 93-от артилериски полк.

Според безбедносни извори, при инцидентот нема повредени.По неуспешниот обид да ги прегази војниците, тој побегнал.

Во тек е акција за откривање на идентитетот на сторителот чии намери не се познати.

На 23 март киднапер, кој се идентификувал како приоадник на Исламската држава, во заложничка драма во продавница во градот Треб уби двајца, од кои едниот полицаец, при што беше убиен од полицијата.

Претходно откако украл автомобил тој стрелал кон група полицајци, повредувајќи еден од нив, по што се упатил кон супермаркетот во Треб.

Францускиот премиер Едуар Филип го окалификува настанот како „терористички чин“.