Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Франција: На и ЕУ и треба индустриска стратегија

0
By Marta Pesevska on January 16, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 16, 2023 20:45

Франција се залага ЕУ да одговори на американските субвенции за „зелени“ инвестиции со индустриска стратегија со цел да се спречи заминувањето на компаниите од Европа и да се намали зависноста на членките од надворешни добавувачи, се наведува во владиниот документ.

 

Затоа имплементацијата на амбициозната и силна европска индустриска политика е од клучно значење денес, а француската Влада предлага таа да се обликува како стратегија „Произведено во Европа“, се истакнува во документот, во кој имале увид француските медиуми.

Во документот Париз повикува на итни мерки, пред сè за задржување на европските компании во секторите на соларни панели, батерии, водород и клучни суровини, нагласувајќи дека стратегијата „Произведено во Европа“ треба да се заснова на четири столба.

Првиот столб би биле специфичните цели на ЕУ за намалување на зависноста од надворешни добавувачи и поставување цели за производство до 2030 година во клучните сектори, што би биле регулирани со законите на ЕУ, по моделот на европскиот закон за чипови.

ЕУ, исто така, ќе мора да го поедностави и забрза издавањето дозволи за нови производствени капацитети и да го реструктурира енергетскиот пазар за да им обезбеди на европските компании енергија по пристапни цени, сугерира Франција.

Вториот столб ќе биде итна промена на регулативите за државна помош за да се овозможи временски ограничено продолжување на стимулациите за пандемијата на кризата за компаниите во целните сектори.

Државите би им помогнале на компаниите со субвенции или даночни олеснувања за да им обезбедат сигурност при донесувањето на инвестициските одлуки.

Третиот столб би било европското финансирање на чувствителните сектори со цел да се неутрализираат разликите во фискалниот капацитет помеѓу земјите-членки на ЕУ. На ниво на Унијата би можел да се формира фонд, кој поволно ќе се задолжува и ќе испраќа пари во вид на евтини кредити на земјите членки.

Париз, исто така, предлага формирање „кризен фонд“ и прераспределба на парите што ЕУ одлучи да ги добие за други цели и нивно насочување во стратешки проекти за европската индустрија, покрај државната помош на ниво на земји.

Конечно, до крајот на годината ЕУ треба да формира нов „стабилизациски фонд“ кој ќе ги преземе средствата од фондот за вонредни состојби и ќе им помогне на чувствителните сектори.

Последниот столб на стратегијата ќе биде целосно мобилизирање на трговската политика, вклучувајќи ги неодамнешните инструменти за заштита на трговијата, сугерира Париз во документот.

Извор: МИА

ЕУ индустриска политика Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.