Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал, ЛШ: Базел го шокира Манчестер Ј., дебакл на Селтик во Париз

0
By Нова ТВ on November 22, 2017 СПОРТ
Фото: uefa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Базел го приреди најголемото изненадување во осумте вечерашни дуели во УЕФА Лигата на шампиони (ЛШ). Со голот на Михаел Ланг во 90 минута, швајцарскиот состав, на својот „Сент Јакоб Парк“, го шокира Манчестер јунајтед, потсети на сезоната 2011/12 во која, исто така, славеше над „црвените ѓаволи“ со 2:1 и остана на второто место во групата А кое води во нокаут фазата. Тимот на ЦСКА, претходно во истата конкуренција, во Москва ја совлада Бенфика со 2:0. Во последната шеста рунда, составот на Мурињо ќе биде домаќин на рускиот тим, а Базел го очекува гостување на стадионот „Луж“ во Лисабон.

Селтик, пак, доживеа потоп во Париз во дуелот со моќниот ПСЖ. Шкотланѓаните поведоа во воведната минута на „Паркот на принцевите“, но реализацијата на Дембеле не донесе ништо добро по нив. Напротив, се чини дека само ги разлути „светците“ кои до крајот возвратија со седум гола во мрежата на Гордон. По двапати Нејмар и Кавани и по еднаш Мбапе, Верати и Алвеш ги изрешетаа гостите од Глазгов за максимален ефект во групата Б во која и Баерн Минхен триумфира против Андерехт со 2:1.

Фото: uefa.com

Атлетико Мадрид ги воскрена шансите за европска пролет во ЛШ по победата над Рома со 2:0. Шпанците ги осигураа бодовите во вториот дел. Најава за хепиенд на „Ванда Метрополитано“ даде Антоан Гризман во 69 минута што ја потврди Гамеиро во 85 минута. „Волчицата“ во последните десетина минути играше без исклучениот Бруно Перез. Челзи обезбеди осминафинале во ЛШ по убедливиот триумф над Карабаг во Азербејџан со 4:0.

Двата меча во групата Д донесоа заплет на табелата. Спортинг Л. се врати во игра за место меѓу најдобрите 16 по победата над Олимпијакос со 3:1. Но, мисијата ќе биде пеколно тешка за „зелено-белите“ од Лисабон за кои македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски влезе во игра во 85 минута. Имаат бод помалку од Јувентус, а згора на тоа во последното коло ќе истрчаат на мегдан на Барселона додека италијанскиот првак на 5 декември ќе гостува во Пиреја на екипата на Олимпијакос.

Лига на шампиони

Група А

Базел – Манчестер јунајтед 1:0

ЦСКА Москва – Бенфика 2:0

Табела: Манчестер јунајтед 12, Базел 9, ЦСКА Москва 9, Бенфика 0.

Идно коло (5 декември): Манчестер јунајтед – ЦСКА Москва, Бенфика – Базел.

Група Б

ПСЖ – Селтик 7:1

Андерлехт – Баерн Минхен 1:2

Табела: ПСЖ 15, Баерн Минхен 12, Селтик 3, Андерлехт 0.

Идно коло (5 декември): Баерн Минхен – ПСЖ, Селтик – Андерлехт.

Група Ц

Атлетико Мадрид – Рома 2:0

Карабаг – Челзи 0:4

Табела: Челзи 10, Рома 8, Атлетико Мадрид 6, Карабаг 2.

Идно коло (5 декември): Челзи – Атлетико Мадрид, Рома – Карабаг.

Група Д

Јувентус – Барселона 0:0

Спортинг Лисабон – Олимпијакос 3:1

Табела: Барселона 11, Јувентус 8, Спортинг Лисабон 7, Олимпијакос 1.

Идно коло (5 декември): Барселона – Спортинг Лисабон, Олимпијакос – Јувентус.

Базел Лига на шампиони Манчестер Ј. ПСЖ Селтик фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.