Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал, ПМФЛ: Вардар подигна 11. трофеј, Гроздановски заврши кариера

0
By Нова ТВ on May 31, 2017 СПОРТ
Фото: fkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 31, 2017 22:30

Заврши 25. фудбалска сезона во самостојна Македонија. Дилемите за титулата, за местата што водат во Европа, за тоа која екипа ќе игра бараж, а кои ќе загубат прволигашки статус беа познати неколку недели пред крајот. Па, во отсуство на секаква неизвесност, во фокусот се најде стадионот во Ѓорче Петров со неколку моменти за одбележување.

Фото: fkvardar.mk

Вардар го подигна 11 шампионски трофеј, поранешниот македонски репрезентативец Влатко Гроздановски ја заврши кариерата, а Благоја Љамчевски се раздели со скопските „црвено-црни“. Претседателот Мирко Спасески, во име на клубот, му врачи благодарница на долгодишниот спортски новинар и коментатор во Македонската телевизија, Златко Калински, кој по 42 години работен стаж заминува во пензија.

Фото: fkvardar.mk

Сега и за резултатскиот финиш на првенството. Најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија одигра 0:0 против Силекс во последното коло, а победник немаше ниту на Чаир во средбата меѓу Шкупи и Македонија Ѓ.П. Шкендија со пресврт во второто полувреме го совлада Пелистер со 3:1, Брегалница во меч без никакво значење го порази Работнички со 6:2. Единствената гостинска победа ја запиша Ренова против Победа со 3:0.

Фото: fkvardar.mk

Вардар ќе игра во квалификациите за Лигата на шампиони, Шкендија, Работнички и Пелистер, како победник во Купот на Македонија, во квалификациите за Лига Европа. Во понизок ранг се селат Македонија Ѓорче Петров и Брегалница, а нови прволигаши се Академија Пандев и Скопје. Шкупи како осмопласиран во Прва лига и Новаци како третопласиран во Втора лига ќе играат бараж за пополнување на елитната конкуренција за наредната сезона.

Прва лига, 36 коло

Резултати

Вардар – Силекс 0:0

Шкендија – Пелистер 3:1

Шкупи – Македонија Ѓ.П. 1:1

Победа – Ренова 0:3

Брегалница – Работнички 6:2

Табела: Вардар 83, Шкендија 70, Работнички 54, Пелистер 52, Ренова 52, Силекс 47, Победа 41, Шкупи 37, Брегалница 24, Македонија Ѓ.П. 23.

Благоја Љамчевски Вардар Влатко Гроздановски Златко Калински Прва лига фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.