Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал, ПМФЛ: Вардарци ставија рака на шампионскиот трофеј

0
By Нова ТВ on April 9, 2017 СПОРТ
Фото: fkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 9, 2017 21:43

Од коло во коло има се помалку дилеми за освојувачот на шампионската титула во домашното фудбалско првенство. Се расчистува ситуацијата и за третото место на табелата што го дава вториот учесник во европската Лига на УЕФА, па интерес добива битката за опстанок. Ако лидерот не е променет со месеци, променет е фенерџијата. Брегалница го препушти таквиот статус на Македонија по победата во меѓусебниот дуел, но одиме со ред.

Вардар не дозволи луксуз ниту со Пелистер. „Црвено-црните“ ги совладаа битолските „зелени“ со 3:1 на „Телеком арена“ и уште еднаш покажаа кој е главен во домашната сцена во оваа сезона. Работата ја завршија уште во првиот дел со три гола за рутинско одработување на вториот во кој го примија единствениот гол. Џонатан Балотели погоди во 12 минута, Стефан Спировски во 42. и Тигран Барсегјан во 44. за заминување на одмор со комотни 3:0. Почесниот за пелистерци го постигна Ковачев од пенал во 67 минута.

Шкендија направи уште еден кикс што и дефинитивно ја чини титула. Вицепрвакот ремизира (1:1) со градскиот ривал Ренова и го зголеми минусот на 11 бода во однос на вардарци што многу веројатно ќе значи и фокусирање на куп трофејот за спас на сезоната. Стојан Велинов обезбеди водство за тимот од Џепчиште во 75 минута, „црвено-црните“ израмнија преку Бесарт Ибраими во 83. И покрај брзото враќање, Шкендија во преостанатиот десетина минути од средбата не успеа до втор погодок за целосен пресврт.

Шкупи забележа важна победа за опстанокот во лигата. Чаирчани пред своја публика го поразија Силекс со 3:1 и се одлепија од триото загрозени екипи. Ермедин Адем во 6 минута, Емануел Мбела во 24 минута и Буњамин Шабани во 56. „тресеа“ за домашните, Антонио Каланоски во 77 минута за кратовци. Со голот на Бобан Георгиев во 57 минута, Брегалница ја совлада Македонија Ѓ.П., а победник и голови немаше на средбата меѓу Победа и Работнички. Дебармаалци сега имаат 43 бода, шест повеќе од Пелистер во борбата за третото место на табелата што, многу веројатно, и ќе го задржат до крајот на шампионатот.

Прва лига, 26 коло

Резултати

Вардар – Пелистер 3:1

Шкендија – Ренова 1:1

Победа – Работнички 0:0

Брегалница – Македонија Ѓ.П. 1:0

Шкупи – Силекс 3:1

Табела: Вардар 62, Шкендија 51, Работнички 43, Пелистер 37, Силекс 35, Ренова 32, Шкупи 28, Победа 23, Брегалница 19, Македонија Ѓ.П. 17.

Идно коло (15 април): Силекс – Вардар, Пелистер – Шкендија, Работнички – Брегалница, Ренова – Победа, Македонија Ѓ.П. – Шкупи.

Вардар Пелистер Прва лига фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.