Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал, Прва лига: Вардар кон титула, Работнички кон Европа

0
By Нова ТВ on April 5, 2017 СПОРТ
Фото: fkrabotnicki.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се бистри ситуацијата во домашниот фудбалски шампионат по мечевите од 25 коло. Вардар направи голем исчекор кон нова титула што, пак, станува далечна за Шкендија, а значајни, ако не и пресудни, три бода за Европа освои екипата на Работнички. Дното на табелата без позначајни поместувања освен доближувањето на Брегалница до Македонија Ѓ.П., две екипи што во наредната сезона, најверојатно, ќе бидат нови второлигаши.

Вардар ја совлада Ренова со 1:0, резултат со кој и Работнички ја доби Шкендија, па разликата меѓу скопските црвено-црни и тетовци сега изнесува девет бода во корист на тимот на Гоце Седлоски. Дејан Блажевски во 73 минута погоди за бранителот на тронот на гостувањето против составот од Џепчиште, капитенот Душко Трајчевски, пак, го постигна единствениот гол за дебармаалци на „Телеком арена“ против вицешампионот.

Во прилог на Работнички беше исходот во Охрид меѓу Пелистер и Силекс што заврши 0:0. Екипата од Градски парк има пет бода повеќе од битолчани во трката за третото место што води во кваификациите за Лига Европа. Голови немаше ниту во Ѓорче Петров во дуелот меѓу Македонија и Победа додека Брегалница ја забележа, само, втората победа во сезоната. Во Штип беше совладан Шкупи со 3:0 со погодоците на Наумов во 17 минута и во 44 минута и на Здравков во 26 минута од пенал.

Прва лига, 25 коло

Резултати

Ренова – Вардар 0:1

Работнички – Шкендија 1:0

Пелистер – Силекс 0:0

Македонија Ѓ.П. – Победа 0:0

Брегалница – Шкупи 3:0

Табела: Вардар 59, Шкендија 50, Работнички 42, Пелистер 37, Силекс 35, Ренова 31, Шкупи 25, Победа 22, Македонија Ѓ.П. 17, Брегалница 16.

Идно коло (9 април): Вардар – Пелистер, Шкендија – Ренова, Победа – Работнички, Шкупи – Силекс, Брегалница – Македонија Ѓ.П.

Вардар Прва лига Работнички фудбал Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.