Најмалку 17 лица го загубија животот, а 76 се повредени во стампедо во Ангола кога стотици навивачи се обидоа да влезат на стадион.

Трагичниот настан се случил за време на натпреварот меѓу Санта Рита де Касија и Рекреативо де Либола во градот Уиге во истоимената провинцијата во северниот дел на земјата.

„Во еден момент дошло до меѓусебно буткање пришто поединци почнале да паѓаат во масата. Некои морале да газат по нив. Забележавме 76 повредени и 17 починати“, рече Ернесто Луис, директор на локалната болница во Уиге.

Немилите сцени на стадионот „4 јануари“ настанаа по погодокот на Инасио Касуке во седмата минута за водство на Рекреативо Либола.