НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал за нафта и пари: Изборот за домаќин на СП 2022 и што се следуваше од тогаш

0
By Нова ТВ on June 18, 2019 ВЕСТИ
Фото: foxsports.com.au
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот претседател на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), Мишел Платини (63) е уапсен претпладнево во париското предградие Нантер под сомнение дека го продал својот глас на Катар при изборот за домаќин на Светското првенство во 2022 година. Покрај него се приведени и советничка и секретар на поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози. Француските  власти го приведоа Платини во рамки на големата истрага против коруптивно делување во ФИФА и во Франција што доведе до сензационална победа на малата заливска земја во трката за организација на мундијалскиот турнир во 2022 година.

Рокот за поднесување на кандидатури за домаќини на СП 2022 беше месец февруари во 2009 година. Го запазија седум држави од кои Индонезија и Мексико се повлекоа бидејќи не успеаја да обезбедат гарантно писмо од своите влади во документацијата, па останаа Катар, САД, Австралија, Јапонија и Јужна Кореја. Но, триумфот на Катар одекна како бомба во светската јавност.

Катар со повеќе од двојно помала површина од Македонија 

За домаќин на турнирот беше потребно просто мнозинство на гласови (12 од 22). Сомнежи се појавија уште на првото изразување во кое Катар доби 11 гласа, Јужна Кореја – четири, Јапонија и САД по три, Австралија еден што значеше и нејзина елиминација. Во вториот круг отпадна Јапонијам, во третиот и Јужна Кореја, а во финалето Катар ги порази САД со 14:8.

Фото: mirror.co.uk

Целиот процес веднаш беше покриен со сомнежи од нелогичноста во одлуката да се додели толку големо натпреварување на земја со 2,6 милиони жители и со површина што е повеќе од двојно помала од Македонија (11.581 квадратни километри) на која треба да се сместат кампови на 32 репрезентации и стотици илјади навивачи. Било која од државите апликанти од тие причини ќе беше далеку пологичен избор меѓутоа Катар влезе во историјата како најмал домаќин на СП.

Дури 16 лица од 22 во поранешниот ИО на ФИФА се под истрага или се суспендирани поради корупција

Шест месеци по изборот на Катар за домаќин на СП 2022, поранешниот претседател на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), Давид Трисман јавно обвини двајца членови на Извршниот одбор (ИО) на ФИФА за корпуција. На тоа се повика на „свиркачи“ од тимот на катарската кандидатура. Пред обвинителите впери прст во Џек Ворнер, претставник на Тринидад и Тобаго, за кого рече дека побарал четири милиони долари за изградба на едукациски центар во неговата земја додека за парагвајскиот претставник Николас Лаоз истакна дека побарал да стане витез во замена за својот глас. Од 22. членови на ИО кои гласаа, 16 се под истрага или се веќе суспендирани поради корупција.

Фото: Twitter

Претставниците на Брегот на Слоновата Коска и на Камерун се обвинети дека примиле по еден и пол милион долари мито, а Мохамед бин Хаман кој важеше за клучна личност во катарското лоби ја повлече кандидатурата за претседател на ФИФА, откако беше обвинет дека поткупил 25 лица и заедно со Ворнер се соочија со суспензии.

„Тајмс“: „Ал Џазира“ со понуда од 400 милиони долари за ТВ права на 21 ден пред изборот 

Британски „Тајмс“ стигна до тајни документи и објави дека катарската телевизија „Ал Џазира“ на 21 ден пред гласањето за домаќин на СП 2022 понудила 400 милиони долари на ФИФА за ТВ права од турнирот. Во предложениот договор се обврзале да исплатат 100 милиони долари на една банкарска сметка доколку Катар помине на изборот од причина што во ФИФА тогаш процениле дека евентуален мундијал во Заливот ќе донесе многу помали приходи. Три години подоцна, истата ТВ куќа понудила уште 480 милиони долари за ТВ права, случај што моментно го истражува швајцарската полиција.

Платини на ручек со Саркози и емирот на Катар во претседателската палата

Фото: insideworldfootball.com

Еден од гласачите во изборот за домаќин на СП 2022 беше и Мишел Платини кој во ноември во 2010 година, два месеца пред одлуката, како што објави „Ле Монд“, бил повикан на средба во претседателската палата со претседателот Никола Саркози, со емирот на Катар и уште двајца претставници на катарската влада. Платини во изјава за весникот истакна дека немал намера да гласа за Катар, но оти сфатил дека тоа се очекува од него по тој ручек иако никој конкретно не побарал такво нешто од него на маса.

Осум месеци подоцна ПСЖ го купија Катарци 

Ручекот во палатата на францускиот претседател е сомнителен за обвинителите веќе девет години. Осум месеци по него се случи и продажбата на ПСЖ на компанијата „Катар Спорт Инвестмент“ за 76 милиони евра. „Светците“ дотогаш беа во сопственост на американскиот фонд „Колони Капитал“ што во Франција го претставуваше Себастијан Бази, долгогодишен пријател на Саркози. Поранешниот претседател на Франција во 2017 година беше избран за член на Управниот одбор на групацијата „Акор хотелс“ чиј извршен директор е токму Бази. Две годиони подоцна, „Акор“ си купи место на дресовите на ПСЖ што како спонзор го чини 50 милиони евра годишно.

„Гардијан“: Катар е отворен затвор за работници

Британските медиуми не застанаа тука. Додека властите во Франција, во Швајцарија и во други земји го истражуваа или сè уште истражуваат начинот на кој Катар го доби СП 2022, малата заливска земја почна со изградба на стадиони. Речиси во истовреме се јавија вести за брутална експлоатација на работниците за кои се пишуваше дека работат во ненормални услови, под пеколни температури и по 16 часа на ден. Катар ангажира ефтина работна сила од Азија, а „Гардијан“ во јули во 2о13 година објави дека работниците не смеат да ја напуштат земјата без дозвола на властите, дека се одземени нивните пасоши и дека „Катар е претворен во отворен затвор за работниците“.

Прв мундијал што ќе се игра во доцна есен

Поради пеколните летни температури, СП 2022 во Катар ќе биде прво што ќе се игра во доцна есен (21 ноември – 18 декември). Негодување истакнаа и хомосексуални активисти кои предупредуваат дека хомосексуалноста во Катар е забранбета и се казнува со смрт додека навивачите ширум светот се жалат дека нема да можат да конзумираат алкохол за време на турнирот што организаторите го демантираат.

гласање Домаќин Избор Катар Корупција Мишел Платини пари СП 2022 ФИФА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.