Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гаши бара Заев да избере меѓу двете крила на Беса, Ахмети не коментира

1
By Нова ТВ on April 18, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 18, 2018 14:30

Пратеникот Африм Гаши, кој го предводи едното крило на Беса, денеска изјави дека се на чекор до влез во Владата и ако тоа навистина се случи токму тие ќе бидат будното око на Владата, особено во делот на корупцијата.

 Гаши потврдува дека имале неколку средби со премиерот Зоран Заев, но вели дека премиерот го има последниот збор и дека треба да избере меѓу двете крила на Беса.
– Мислам дека на премиерот не му треба надворешни проблеми да влезат во Владата. Мислам дека тој треба да избере помеѓу двете крила на Беса, рече пратеникот одговарајќи на новинарско прашање дали е можно двете крила на партијата да влезат во составот на Владата.
Тврди дека не разговарале за министерско место во правда, потенцирајќи дека тие имаат кадри за сите институции.
 Гаши го предводи крилото во кое се и пратениците Неџбедин Каремани и Реџеп Мемеди, додека во крилото на Билал Касами се пратениците Фадил Зендели и Теута Биљали.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска не одговори на новинарско прашање, дали ДУИ ќе отстапи од своите ресори за сметка на Беса, чии две крила преговараат со премиерот Зоран Заев за влез во Владата.

– -Јас не сум препорадавач на Бит пазар за да давам или земам министерства, преговорите се одвиваат меѓу политичките партии, на тезга не работам. Тоа е работа меѓу политичките партии со тек на време ќе видеме како ќе менаџираме и како ќе одлучиме во однос на тоа прашање. Сигурно дека ДУИ е многу сериозна партија и е во тек со се што се одвива во земјава, ние не сме гледачи туку актери во одлучувањето во политиката, кажа Ахмети.

Премиерот Зоран Заев пред два дена по завршувањето на рочиштето за „Поткуп“ изјави дека е се уште рано да се зборува за реконструкција на Владата и оти прво треба да бидат завршени разговорите за зголемување на парламентарното мнозинство.

– Не сме дошле дотаму. Јас реков дека до крајот на месецов ќе разговараме за зголемување на парламентарното мнозинство. Ред е прво да видиме за колку ќе порасне и ако порасне тоа парламентарно мнозинство, следна фаза би биле комбинаториките околу кадровските и персоналните решенија. Навистина сѐ уште е рано за тоа – рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Инаку, разговорите за проширување на парламентарното мнозинство се водеа и во текот на викендот, а целиот процес, како што претходно најави Заев, треба да биде заокружен на крајот на месецов. Заев претходно рече и дека има поддршка од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за зголемување на владејачката коалиција.

– Неопходно е проширување на парламентарното мнозинство со нови коалициски партнери поради сериозните прашања што претстојат и за поефикасна работа на Собранието и на пратениците, рече Заев.

 

 

Ахемти Беса Влада Гаши Заев ресори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.