НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гаши: Нема да влегуваме во преговори пред ДУИ да го истроши својот легитимитет

0
By Нова ТВ on July 29, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: 1tv.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Демократската унија за интеграција (ДУИ) треба да проба Насер Зибери да биде премиер. Тие добија пратеници заради него и ако не можат тоа да го остварат ќе треба да отстапат и да се направат нови комбинаторики и ние како Алијанса и Алтернатива да започнеме преговори. Но, имавме разговори со Зијадин Села и заклучивме дека нема да влегуваме во преговори пред ДУИ да го истроши својот легитимитет, истакна денеска лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

Тој, во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, нагласи дека коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива на изборите излегла со една програма – држава за сите.

„Ние се спротивставивме за идејата премиер Албанец, мислејќи дека тоа е само симболика, а не содржина. И сега не можеме да ги излажеме нашите гласачи кои веруваа на овој концепт за да одбраниме некој друг концепт“, посочи Гаши, објаснувајќи го ставот и повикот на Ахмети сите партии да застанат зад идејата на ДУИ.

Гаши потенцира дека се навестувало и се очекувало оти ќе биде мала разликата на освоени пратеници и во македонскиот и во албанскиот блок.

„Но, сами од себе најмногу се изненадија ДУИ. Во трите последни денови и големиот поткуп и крадење, јасно ни беше како се стаса до оваа бројка“, истакна Гаши.

Тој посочи дека како и да е, Државната изборна комисија (ДИК) и Управниот суд ги легализирале тие пратеници.

„Сега е битна компонентата легитимитет. Кога една партија го нема легитимитетот кај Албанците, а од друга страна настапуваше со максимата премиер Албанец, сега кога не може да го оствари го губат легитимитетот да бидат во Владата“, изјави Гаши.

Алтернатива Африм Гаши Влада ДУИ Избори 2020 преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.