„Досетливи“ Руси почнале во својата земја да продаваат „уреди за дечипирање“ што би се користеле по примање на доза на вакцина против коронавирус.

Имено, доктор Георги Костјук, главен лекар во Психијатриската клиничка болница во Москва, објасни дека измамниците развиле „дечипатор“, мал уред „за еднократна употреба“ што се закачува на местото на инјекцијата. Теоретичари на заговорот ги уверувале следбениците дека со „дечипирање“ ќе се уништат „сите чипови што биле вбризгани“ со вакцината во раката.

Налудничавите теории на заговор за „чипирањето“, според наводите, се особено популарни во земји како Русија и Бугарија, каде што стапката на вакцинација е мала, но бројот смртни случаи е огромен. Уред за дечипирање си купиле Руси кои биле вакцинирани за да не останат без работа или да заминат на одмор.

Рускиот психијатар истакнува дека „приказните за микрочипови се глупави и чудни“. Досега, 39 отсто од Русите се вакцинирани со две дози против коронавирусот.