Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Говор на Пендаровски: За ДУИ коректен, за СДСМ натпартиски, за ВМРО ги продлабочил поделбите

0
By Нова ТВ on December 18, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За ДУИ беше коректен, за СДСМ натпартиски, за ВРМО ДПМНЕ ги продлабочил поделбите, а за движењето Беса избалансиран. Ова се оценки на трите најголеми партии на политичката сцена на првото обраќање на македонскиот претседател по стапување на функцијата. Од говорницата во Собранието, меѓу другото, тој повика на потребата од граѓанско помирување и надминување на разликите, за прочистување меѓу судиите, но и меѓу политичарите и најави активности на долг рок како постигнување на консензус за аерозагадувањето и за иселувањето од земјата.

Реџаил Исмаили во име на ДУИ, го оцени обраќањето на Пендаровски како коректно при што истакна две работи што претседателот го начна од собраниската говорница – Законот за јазиците и за судството.

Фото: 24.mk

„Се повика на извештајот на Венецијанската комисија и ние како држава треба да градиме капацитети за спроведување на тој закон. Вие знаете како новинари дека е формирана Агенцијата за спроведување на законот, исто така пред еден месец го формиравме со закон и Инспекторатот за спроведување на истиот закон, така што да дозволиме и да создадеме услови за тие две институции да почнат да се градат со јаки капацитети и да почнат да работа, дури тогаш ќе видиме како се спроведува Законот за јазиците“, рече Исмаили.

Хари Локвенец, пак, од СДСМ истакна дека за првпат по десет години е слушнато обраќање на натпартиски претседател и истакна дека неговата партија може да се согласи со дел од работите што беа споменати во обраќањето на Пендаровски, како на пример дека претстои уште многу работа, особено имајќи го предвид кочењето на процесите од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во однос на помирувањето. Тој процес го иницираше премиерот Заев, започна овде во Собранието, се формираа и работни групи на оваа тема кои активно придонесуваат и на тој процес треба да му се даде целосна поддршка. За само две и пол години со речникот на претседателот за време на најбрзата обнова на институции во повоена Европа, СДСМ успеа да ја врати државата во нормала и да ја донесеме на прагот на членство во НАТО и отворањето на преговорите со ЕУ. Значењето на Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија за нас како држава и за нејзината иднина се исклучително важни. ЕУ и НАТО не се возможни без Договорот од Преспа, со кој државата излезе од децениска изолација и дојде на прагот на НАТО и ЕУ. Договор кој затвори 25-годишен спор и истовремено го зачува и обезбеди нашиот идентитет“, изјави Локвенец.

Говорот на претседателот Пендаровски за ВМРО ДПМНЕ не го дал очекуваното. Од опозициската партија истакнуваат дека „очекувале да понуди мостови и помирување, но само ги продлабочил поделбите“.

„Очигледно покомотно се чувствува кога ги зазема ставовите на партијата. Чувме многу празни зборови, но не слушнавме ништо конкретно. Чувме дијагнози, но не чувме конкретни решенија. За неколкуте идеи што ги соопшти, мора да кажам дека нема никакви консултации со пратениците и опозоцијата што само потврдува дека тој не успеал да излезе од партиските чевли на СДСМ“, изјави пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Избалансиран настап во кое ги опфати сите отворeни прашања кои ги имаме, особено во делот на правната држава. Вака го оцени обраќањето на претседателот Стево Пендаровски пред пратениците, Фадил Зендели од Беса. Треба да се поздрави, посочи Зендели, обраќањето во насока дека 30 години сме држава со афери, а нема ниту еден висок функционер зад решетки.

„Секако треба да се поздрави настапот на претседателот на државата, но и да се има предвид дека тој е краток период на функција. Секако во следниот период би требало да видиме и многу други иницијативи, кои според мојот впечаток, би требало да бидат во насока на тоа што тој треба да претставува претседател на сите граѓани без разлика на етничката, национална и друга припадност“, рече Зендели.

Беса ВМРО ДПМНЕ говор ДУИ реакции СДСМ Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.