НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓаните плаќаат паушално изгор сметки за струја

0
By НОВА ТВ Mitreska on March 30, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Народниот правобранител Насер Зибери ќе предложи измени на регулативата за испорака на електрична енергија во делот на обврската за отчитувањето на броилата, откако голем број граѓани се пожалиле дека добиваат високи сметки за струја која не ја потрошиле, а ЕВН им наплатува авансно.

Од Канцеларијата на Народниот правобранител најавуваат дека во наредниот период оваа иницијатива ќе има приоритет, а првиот чекор што планираат да го направат е предлогот да го достават до Регулаторната комисија.

Народниот правобранител вели дека граѓаните најчесто реагираат затоа што  еден месец плаќаат високи сметки, кои следниот месец им се намалуваат, но дека ваквата пракса им предизвикува стресови  затоа што потрошувачите авансно ја плаќаат потрошената електрична енергија. Некои семејства, пак, и не се во можност со оглед на ниските примања да ги плаќаат вака скроените сметки и затоа бараат секој месец да платат онолку колку што потрошиле.

Таков е случајот со наш сограѓанин кој вели дека летоска во месец август кога цело семејство било на летен одмор за струја платил над 3.000 денари, а веќе во наредниот месец му дошла сметка на која било извршено порамнување со сума од околу 500 денари. Тој, сепак очекува во иднина да не плаќа авансно затоа што тоа го оптеретува неговиот семеен буџет.

-Како што јас за мојата работа добивам плата месечно, така треба и ЕВН да ми наплатува за тоа што јас сум го потрошил во текот на месецот, не можам со месечната плата да подмирувам паушал во вредност од речиси две сметки за струја. Секогаш кога сум реагирал на нереалната сметка во ЕВН ме упатуваат на интернет да пријавувам колку киловат часови сум потрошил, но секако дека како потрошувач имам право да барам да се подобрат услугите при наплатата од ЕВН, вели нашиот соговорник.

Во врска со овие реакции на граѓаните, побаравме објаснување од ЕВН, од каде што велат дека и покрај тоа што со Законот за енергетика, Мрежни правила и Правила за снабдување е пропишано отчитувањето на броилата да се извршува еднаш годишно, екипите на Електродистрибуција тоа го прават секој месец.

– Но, се случува броилото да не се отчитува поради различни причини, корисникот е отсутен, не е дома или во објектот, поради спречување на екипите за отчитување од страна на корисникот, поради непристапност до мерното место, лоши временски услови, боледувања на отчитувачи, изолација поради коронавирусот, објаснуваат од компанијата.

Ако се случи да не е прочитано броилото, велат од ЕВН, за што се фактурира претпоставена вредност како просек од потрошувачката во последните 12 месеци, корисникот може да пријави состојби преку веб страната evnonline.mk, преку меил, телефонски и во приемните канцеларии на Корисничките енергоцентри на Електродистрибуција, при што нивните служби ќе ги направат соодветните корекции.

– Претпоставената фактура не значи по автоматизам повисока фактура за електрична енергија. Таа може да содржи и пониски претпоставени вредности на потрошувачка од реалната во тој месец, се вели во одговорот од ЕВН.
Исто така, повисока сметка од очекуваната може да се должи и на веќе направено порамнување по прочитана состојба, за која претходниот месец била испорачана претпоставена вредност пониска од тоа што било потрошено.

– ЕВН нема никогаш да наплати повеќе од она што корисникот го има потрошено. Ако не било возможно отчитување на броилото, со наредното отчитување ќе се порамни потрошувачката во зависност од тоа дали корисникот потрошил повеќе или помалку од последната состојба, велат од компанијата.

С.М.

 

 

 

Народен правобранител регулаторна струја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.