Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грците протестираа, јавноста чека контакт Заев- Ципрас

0
By Нова ТВ on June 7, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: АНА МПА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 7, 2018 09:03

Во Грција вчера во 24 градови се одржаа протести за одбрана на „грчкиот карактер на Македонија“, додека и Атина и Скопје се во исчекување на најавениот телефонски разговор или евентуална средба меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

На плоштадот во градот Пела, до споменикот на Александар Велики, се одржа централниот собир, на кој се собраа неколку илјади граѓани, со грчки знамиња и пораки дека Македонија е грчка. Паралелните протести во 19:30 часот по локално време почнаа во 24 различни градови. Демонстрациите низ цела Грција, беа со многу помала присутност отколку пред неколку емсеци во Солун и Атина, во мирна атмосфера, со исклучок на островот Крит, каде што се случи мал инцидент меѓу група анархисти и полицијата, при што беше повреден еден полицаец.

И додека Грците протестираа, ниту во Скопје, ниту во Атина нема официјални потврди за тоа кога би можел да се воспостави контактот меѓу Заев и Ципрас, како натамошен чекор во процесот на преговорите, со кој ќе се потврди досега постигнатото и би се постигнал евентуален договор за името.

Македонската страна не дава официјални информации за тоа кога би се реализирал телефонскиот разговор или средбата меѓу двајцата премиери.

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски вчера на прес-конференција не прецизира до каде се преговорите и дали е можна средба или телефонски разговор на премиерите на Грција и Македонија до крајот на неделава. Не сакаше да даде ниту коментар на објава на Фејсбук на Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој повикувајќи се на неименувани дипломатски извори, објави дека во „четврток или петок ќе се случи средбата Ципрас – Заев во грчката Мала Преспа и потпишувањето на договорот.

– Имаме официјална прес-конференција во Владата на РМ. Не си дозволувале да коментираме неофицијални информации без разлика од какви извори доаѓаат, се додека немаат кредибилитет и легитимитет, рече Бошњаковски.

Премиерот Заев завчера изјави дека во прашање се денови кога ќе се случи телефонскиот разговор меѓу него и Ципрас и додаде дека во моментот се уште се создаваат околностите тоа да се случи.

Грчката страна тврди дека сме близу договор и оти на потег е Заев.

Заменик-министерот за надворешни работи Јанис Аманатидис  нагласи дека сме блиску сме до договор и во исчекување на одлуките на премиерот на ПЈРМ.

Тој истакна дека не е загрижен за задоцнувањето во процесот, бидејќи „на другата страна и е потребно време за да го разгледа договорот“.

Договорот е на околу 20 страници, а во него се споменати сите прашања: иредентизмот,  уставната ревизија, ерга омнес, името и развивање на агенда за соработка, како и временскиот рок во кој ќе се имплементира сет тоа. За ратификацијата и имплементацијата се предвидени конкретни чекор – ратификација во македонското Собрание, па референдум и уставни промени, а потоа зелено светло од грчкиот Парламент.

Според оценките на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, ако договорот се склучи набргу, во македонското Собрание ќе стигне следните седмици, референдумот веројатно би бил на есен, додека пак по референдумот, би се направиле уставни промени.

Лидерот на Река Страврос Теодоракис изрази оптимизам за решение, нагласувајќи дека во корист и на Грција е да се постигне договор, затоа што „треба сите сериозно да размислат дали можеби грчкото однесување го праќа Скопје во пакет кај Турците“.

Во врска со македонскиот јазик и македонскиот идентитет како дел од договорот, Теодоракис потсети дека „без да бидеме прашани, самоопределувањето е гарантирано право во Организацијата на обединетите нации“.

Во однос на тоа што треба да содржи договорот, Теодоракис вели дека за него е важно да не постојат иредентистички визии кон Грција од соседната земја, но и дека е „смешно Грците да се чувствуваат дека се под закана од Скопје“.

За разлика од протестот во Атина пред четири месеци, кога Грчката православна црква го поддржа собирот и учествуваше со три претставници, сега грчкиот архиепископ Јеронимос изјави дека неговиот став е дека ваквите прашања не се решаваат со протести.

Заев преговори протести Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.