Медицинска опрема за 33 милиони евра. Ова е денешната најава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој трвди дека за овие пари ќе се набавува медицинска опрема.

Со овие пари треба да се купат 3.700 апарати наменети за повеќе од сто јавни здравствени установи во секој град во државата. Според Груевски, при подготвувањето на плановите за оваа медицинска опрема се водело особено сметка таа да биде достапна за граѓаните од сите региони и населени места во државата.

СДСМ ги проверила ставките на буџетот на 2017 година кој власта го донесе пред распуштање на Собранието и тврди дека Груевски лаже.

И тврди дека во овој буџет нема ставка за медицинска опрема. Петре Шилегов од СДСМ вели дека има ставка од само 4,5 милиони евра и тоа за три години, што ги предвидела Владата за здравството и 4,5 милиони евра што треба да треба да ги предвидат самите установи. Шилегов покажа извадоци од буџетот за да докаже дека Груевски дава празни ветувања.