НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски, Јанакиески, Божиноски, Јанкулоска: Ветуваме, нема да бегаме

2
By Нова ТВ on July 21, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не сум виновен и немам намера да бегам. Едвај чекам да започне судската постапка за пред сите да докажам дека сум невин. Со овие зборови го започнаа своето излагање Никола Груевски, Миле Јанакиески, Кирил Божиноски и Гордана Јанкулоска сите во врвот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Освен имињата на обвинетите денешните обраќања и образложенија и на одбраната која бараше да се укинат мерките за обезбедување и да не им се одреди мерка притвор на обвинетите и на Специјалното јавно обвинителство кое инсистираше на најстрога мерка притвор, денешните јавни седници во Апелацискиот суд, пет по број не се разликуваа многу една од друга. Сите обвинети, освен Мартин Протоѓер кој поради боледување не беше присутен на седницата, во обраќањата рекоа дека се невини, дека се јавувале редовно на сите повици од СЈО, дека немаат намера да бегаат и дека едвај чекаат да започне судската постапка за да докажат дека се невини. Обвинетите ги оценија обвиненијата на СЈО  како „празни“ и рекоа дека ова обвинителство прави политичка хајка против ВМРО-ДПМНЕ. Дури и адвокатите на обвинетите се исти, Боро Тасевски, Сања Алексиќ, Димитар Дангов и Петар Василев. За Специјалното јавно обвинителство Кривичниот суд правилно оценил дека има основ за бегство кај сите обвинети, но погрешил во мерката за обезбедување, затоа што обвинетите можеле само со лична карта да ја напуштат државата, затоа што сите не се јавувале на поканите на обвинителството и затоа што постои опасност да влијаат на сведоци. За 48 часа, Кривичниот совет на Апелацискиот суд ќе треба да донесе одлуки дали на обвинетите ќе им биде одредена мерка притвор или не и дали мерките за обезбедување од Основниот суд ќе бидат потврдени или поништени.

Груевски: Планирам да се вратам на власт, а не да бегам

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, на денешната јавна седница на Апелацискиот суд рече дека не постои основ, односно нема кривично дело ниту законски прекршок што тој го направил за да мора да бега. За него обвиненијата од СЈО се политички прогон и хајка која СЈО ја води против него и неговата партија.

„Јас планирам да победам на избори и да ја вратам партијата на власт, а не да бегам. Едвај чекам да почне судењето за јавноста да се увери дека сум невин. Единствен сведок против мене е мојот политички опонент и тоа тој го зборувал е она што и онака го зборува во јавноста. Фактот дека често сум патувал и сум се враќал назад е доказ дека не сакам да избегам. Ако сум сакал, сум имал многу шанси за тоа. Ова што СЈО сака да го направи е само за да ме понижи пред гласачите и во јавноста да се создаде привид дека сум виновен и затоа треба да се јавувам во суд и немам пасош. Ме ставаат во нееднаква позиција со мојот политички противник“, рече Груевски.

Тој зборуваше и за премиерот Зоран Заев, односно како и тој бил обвинет, но нему не му бил одземен пасошот иако Заев избегнувал рочишта.

Груевски рече дека е семеен човек со вработена жена, малолетни деца и возрасен родител за кој во иднина ќе треба да се грижи.

Обвинителот на СЈО, Гаврил Бубевски рече дека односот на Груевски во текот на истражната постапка укажуваат дека ќе треба да се определат мерки за обезбедување за да се обезбеди обвинетиот во текот на постапката.

„Од сите упатени покани, обвинетиот се појави само на една. Не можевме уредно да му ја доставиме поканата, затоа што неговото обезбедување ги подигнува личните достави упатено до Груевски. Поканите не можеа да ги достават ниту од пошта, ниту од ДХЛ. Во прилог на ова, може да се каже дека ниту од Кривичниот суд не можеле да му бидат доставени решенија од судот. Значи обвинетиот правно е присутен во државата, но фактички – никако, рече Бубевски.

Одбраната на Груевски рече дека во текот на досегашната постапка во неколку наврати биле прекршени правата на обвинетиот. Адвокатот Димитар Дангов се повика на случаи од меѓународниот суд во Стразбур и посочи дека можеби барањето за определување притвор на Груевски, не е само поради обезбедување во текот на постапката.

Јанакиески и Божиноски: Да сакавме да избегаме, досега ќе го сторевме тоа

Јанакиески исто како и Груевски рече дека не се чувствува виновен и дека нема намера да бега, ниту да ја опструира судската постапка

„Сакам да го потсетам судот дека пред година ипол СЈО бараше притвор за мене, тогаш судот не определи никаква мерка и еве, сега сум тука, што значи немам намера да бегам. Исто така не е точно дека ја опструирам работата на Обвинителството, ниту пак планирам да ја опструирам работата на судот. Нека даде СЈО еден доказ дека не сум се појавил по уредно доставена покана. Напротив тие ја опструираа одбраната со тоа што не ни дадоа навремен увид во доказите“ , рече Јанакиески.

Тој како и неговите сопартијци кои пред него сведочеа пред судиите рече дека сака час поскоро да започне постапката за да докажат дека се невини. Јанакиески, како и сите пред него, вети дека нема да бега.

Обвинителите на СЈО рекоа дека Јанакиески не се јавувал на покани и имал обиди за влијание на сведоци, а се очекува и да ја одолговлекува судската постапка. Исто така од СЈО го напоменаа и лиферуваниот записник за кој се претпоставува дека е излезен од кај Јанакиески.

Одбраната пак рече дека СЈО нема аргументи да бара притвор и дека тоа што не се појавил на неколку повици на СЈО не значи дека Јанакиески ќе избега.

На бившиот министер за транспорт на товар му се ставаат четири кривични дела.

Поранешниот Генерален секретар на Владата и во ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиноски, рече дека е невин и дека со нетрпение чека да започне постапката за сите да се уверат во тоа.

„Ова е празен предмет и СЈО нема ниту еден доказ против мене. Пред една ипол година СЈО бараше притвор за мене со образложение дека имам државна функција. Тогаш судот не определи никаква мерка и еве ме, денеска сум тука. Немам намера да бегам, а и веќе немам намера да прифатам државна функција. Сум немал ниту еден обид да влијаам на сведоци. Редовно се јавував на поканите на СЈО. Јас сум семеен човек и нема да бегам. Ветувам дека од сега ќе се јавувам на сите покани на судот, рече Божиноски.

Обвинителите на СЈО рекоа дека Божиноски не се јавувал на поканите од СЈО,имал обиди за влијание на сведоци, а се очекува и да ја одолговлекува судската постапка.

Одбраната пак рече дека СЈО нема аргументи да бара притвор и дека СЈО  само сакаат да имаат обвинети во кафез и да си ја водат постапката.

Обвинителот од СЈО, Гаврил Бубевски вели дека сите околности укажуваат дека однесувањето на обвинетата е за целосна негација на СЈО, после сите покани само еднаш се јавила во обвинителството.

Јанкулоска: Цела кариера работев за доброто на Македонија

Јанкуловска е една од главните извршителки на кривичните дејствија и одбегнува да се појавува во СЈО за да ја одолговлечи постапката, рече обвинителот Бубевски додавајќи дека има директни докази дека Јанкулоска презела дејствија со кои вршела влијание врз сведоци и дека и во иднина може да влијае врз нив.

Јанкулоска рече дека нема направено ниту едно од кривичните дела кои и се ставаат на товар и дека во нејзин интерес е сето ова што побргу да заврши. Таа додаде и дека целата своја кариера работела за доброто на државата.

„Цела моја професионална кариера работам за доброто и интересот на Република Македонија и нејзините граѓани. Сите мои контакти во странство кои ги споменува СЈО биле во интерес на Македонија. Што се однесува на можното влијание на сведоци, сакам да кажам дека две години не сум влегла во МВР и дека немам контакт со вработените таму. Сметам дека имам право да се посомневам во ова што обвинителството го прави, во смисла дека тука има и некоја друга заднинска намера. Ценам дека судот ќе донесе правилна одлука и дека нема да се солидаризира со некој кој тера политичка агенда. Јас уште еднаш ветувам дека немам намера да бегам и дека ќе се појавувам на секоја покана од судот“, рече Јанкулоска.

Боро Тасевски, еден од четворицата адвокати на Јанкулоска вели дека таа е правник со висока академска титула и дека апстрактна била опасноста за нејзино бегство. Адвокатот Дангов, пак,  рече дека во постапката против Јанкулоска предвид се зема изјава на сообвинет кој потоа станал сведок. На ова, обвинителот Бубевски одговори дека сведокот станал соработник на правдата, на кој се повикала одбраната.

Протоѓер на боледување – не се појави на јавната седница

Од сите обвинети пред судот денеска, не се појави единствено Мартин Протоѓер, поранешниот шеф на кабинет на Груевски додека тој ја вршеше премиерска функција. Како што истакна адвокатот Тасевски, Протоѓер бил на болничко лекување во воената болница во Будимпешта, но штом чул за обвинението веднаш се вратил и го доставил пасошот во судот. Според Тасевски, Протоѓер моментално е во Македонија и е на боледување.

ВМРО-ДПМНЕ Гордана Јанкулоска жалби Кирил Божиновски Мартин Протоѓер Миле Јанакиески Никола Груевски пасоши притвор СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.