Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски од Штип обвини за игнорирање додека Владата во Скопје слави

0
By Нова ТВ on October 23, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 23, 2017 15:28

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски денеска во Штип каде оваа партија одржа свечена академија по повод 23 Октомври- Денот на македонската револуционерна борба, обвини дека оваа година, за првпат по 10 години, власта е незаинтересирана за одбележување на овој празник.

-Затоа, сме ние тука. Кога  оваа власт се срами и се плаши од овој голем ден и празник, тука сме ние, ВМРО-ДПМНЕ да го одбележиме, прославиме, да се потсетиме и инспирираме од минатото, македонското револуционерно минато за слободата на Македонија, рече Груевски.

Но, истовремено со одржувањето на оваа академија, во Скопје Владата го одбележа овој државен празник, што беше воведен од претходната Влада, како ден кога е основано ВМРО.

-Делегација на Владата на Република Македонија на чело со министерот за култура Роберт Алаѓозовски, во придружба на министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ, заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски, и заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, по повод празникот „Ден на македонската револуционерна борба – 23 октомври“, денеска положи венци со свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градски Парк во Скопје, се вели во соопштението од владината прес служба.

Венци со свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев положија и делегации на Собранието на Република Македонија, на Претседателот на Република Македонија, на АРМ, на Сојузот на борците на Република Македонија, на политичките партии и на дипломатскиот кор во земјата.

-Владата на Република Македонија им го честита на граѓаните празникот „Ден на македонската револуционерна борба – 23 октомври“, кој обврзува заеднички да креираме услови за стабилност и за подобар живот во нашата држава, се вели во соопштението.

 

23 октомври Влада ВМРО-ДПМНЕ Груевски Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.