Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски: Опозицијата е симбол на деструкција на државата

0
By Нова ТВ on November 22, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ започна во Охрид со митинг.

Лидерот на партијата Никола Груевски ја обвини опозицската СДСМ дека спроведувала деструктивното сценарио кое имало за цел редифинирање на државата.

“Веќе на сите им е совршено јасно се. Дури и на поддржувачите на опозицијата им е јасно дека биле изигрувани и дека и бомбите, и протестите, и шаторите, и Диво Насеље, и закрвувањето на Македонците меѓу себе, се било и се уште е, едно големо сценарио против нашата држава и ништо друго. Опозицијата наместо коректив на власта се претвори во симбол на деструкција во државата”, рече Груевски.

Груевски зборуваше и за економските резултати на владата во изминатите години и идните економски чекори и вети 70.000 нови работни места.

“Изборот е помеѓу две алтернативи. Ова е избор помеѓу два концепти, помеѓу двајца кандидати за премиер, јас или Заев. Овие избори се одлука за се` што ви е важно вам и на вашето смејство, но се важни и за Македонија во која живее горд и достоинствен народ, кој е многу мудар и кој добро знае што се случуваше во изминатиот период, кој беше исполнет со проблеми, предизвици и вештачки наметнати кризи. Овие избори се референдум во каква Македоија сакаш да живееш”, кажа Груевски.

Носителот на листата на петтата изборна единица Антонио Милошоски порача дека победата на минатите избори со 200.000 гласови разлика, треба да се повтори и на овие избори. Тој вети нови патишта, нови инвестиции и изградба на марина.

„Патиштата што ги градиме ги градиме за сите, субвенциите што ги доделуваме ги доделуваме за сите, инвестициите кои ги носиме ги носиме за сите… Затоа почитувани, дозволете да кажам една порака за нашите сограѓани Албанци: господинот Заев 10 години не успева да ги излаже Македонците и затоа сега се обидува да ги излаже и Албанците. Не е проблемот што тој многу ветува, проблемот е што тој многу лаже. Кој не го знае скапо ќе го плати на 11 декември или и порано ќе го дознаете и вие. Затоа граѓаните на Македонија знаат кој работи за оваа држава и кој се грижи еднакво за сите“, изјави Милошоски.

Антонио Милошоски ВМРО-ДПМНЕ изборна кампања митинг Никола Груевски Охрид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.