Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грујевски и Бошковски денеска пред грчкиот суд за лажните пасоши

0
By Нова ТВ on October 20, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На поранешните началници во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошкоски, денеска се очекува експресно да им се суди во Солун, за поседувањето лажни пасоши со кои престојувале во Грција.

Грујевски и Бошковски во исказот даден пред грчкиот суд побрале Грција да не ги екстрадира во Македонија, бидејќи се плашеле за своите животи.

Тие ги отфрлиле сите обвинувања против нив и рекле дека се жртви на политички прогон. Според бегалците барани со меѓународна потерница, биле загрозени од високи функционери во Министерството за внатрешни работи.

– Иако Македонија и Грција немаат посебен договор за екстрадиција, Mинистерството за правда согласно меѓународната конвенција за екстрадиција треба да ја собере документацијата од судовите за предметите „Таргет Тврдина“ и „Тврдина 2“ во кои Грујевски и Бошковски се обвинети за прислушувањето и уништување на сите докази поврзани со незаконското следење на комуникациите и да ја прати до грчкото министерство за правда.

Владата очекува дека ќе се испочитуваат сите меѓународни договори и меѓународни стандарди во вакви случаи и целата постапка ќе биде завршена во рамки на реалните рокови за вакви постапки, изјави владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, во однос на екстрадицијата на поранешните началници во УБК Горан Грујевски и Нокола Бошковски од Грција.

– Би сакал да Ве упатам прво до Министерството за правда кое е надлежно за екстрадицијата и ја води постапката, изјави Бошњаковски.

Прашан како ќе ги коментира изјавите на двајцата за грчки медиуми дека се плашат да се вратат во Македонија поради притисоци, Бошњаковски рече дека не можат да коментираат изјави бидејќи во тек е судска постапка и да оставиме тие да течат.

Пред да донесат одлука за екстрадиција, грчките власти треба да одлучат дали таму ќе им се суди за друго кривично дело, односно користење на лажни исправи.

Неофицијално за таа истрага ќе бидат консултирани и бугарските власти, бидејќи разузнавачите се криеле зад фалсификувани бугарски пасоши. Инаку, ова не е прв лажен идентитет кој го користи поранешнбиот шеф на Петтата управа Грујевски, тој во неколку наврати додека во тек беше постапката против него ја напуштал македонската граница со туѓ украден идентитет Владимир Варелов.

Христо и Неџби

Грујевски и Бошковски беа уапсени завчера на солунскиот аеродром под идентитетите, Христо Атанaсов и Неџби Хасан.

Според Алсат М, локацијата им се знаела веќе еден месец, откако стапиле во комуникација со одредени лица во Македонија, но не се знае причината за што комуницирале, Грујевски и Бошковски со лицата кои им биле логистика тука во Македонија и која била улогата и дали добивале некаква помош.

Грчките медиуми пак пишуваат дека, Грујевски и Бошковски од Солун требало да се упатат кон Будимпешта, Унгарија. Фалсификуваните пасоши биле доволен елемент на сомнителност за тие да бидат уапсени и да им се утврди вистинскиот идентитет.

Избегаа додека Врховен одлучуваше за притворот

Двајцата бегалци се недостапни за македонската правда од 18 јули, кога Апелацискиот суд во Скопје ја донесе одлуката за притвор, но тие останаа на слобода чекајќи го изјаснувањето на врховните судии.

Одлуката со која се потврдува  притворот беше донесена на 26 јули околу 14 часот, а Врховен официјално преку соопштение ја потврди еден час подоцна. Процедурата потребна за решенијата, односно налозите за апсење да пристигнат од судот до МВР траеше околу седум часа, по што двајцаѕа не беа пронајдени за да бидат псроведени во притвор.

Биле барани на шест-седум локации за кои МВР се сомневала дека таму може да ги пронајде, но не биле најдени. Исто така, не можеле да ги лоцираат ниту преку мобилните телефони бидејќи наводно ги „заборавиле“ дома.

Грујевски и Бошковски се обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство кои се однесуваат на злоупотребата на системите за прислушкување на УБК и на уништувањето на опремата. Бошковски е вработен во Управата, а Грујевски беше началник на петтата управа во УБК.

„Таргет“ Горан Грујевски екстрадиција лажни пасоши Никола Бошковски СЈО Солун судење Тврдина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.