Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грујевски и Бошковски денеска пред солунскиот суд за лажните пасоши

0
By Нова ТВ on October 24, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Двајцата поранешни разузнавачи Горан Грујевски и Никола Бошковски денеска треба да се појават во судот во Солун на сослушување за лажните бугарски пасоши, со кои минатата недела беа уапсени на солунскиот аеродром по меѓународна потерница. Според извори на НОВА, Грујевски и Бошковски во петокот на сослушувањето се појавиле со адвокат, но наводно не зборувале англиски.

Во петокот Министерството за правда доставило барање до надлежниот суд да се подготви целокупната документација за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски.

„Притоа, надлежниот суд е упатен на одредбите од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја, Конвенцијата помеѓу Федеративна Народна Република Југославија и Кралството Грција за взаемните правни односи од 1959 година преземена како републички пропис со чл. 5 од Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија и Европската Конвенција за екстрадиција со дополнителните протоколи. Министерството за правда во конкретниот случај постапува согласно законските одредби од домашната регулатива и наведените конвенции“, велат од Министерството за правда.

Екстрадицијата ќе трае од 4 до 6 недели

Дојче веле, повикувајќи се на функционер на грчкото Министерство за јавен ред и заштита на граѓаните кој инсистирал на анонимност затоа што не смее јавно да го коментира случајот, објави дека на крајот на ноември или во првите недели на декември годинава може да се очекува екстрадицијата на двајцата македонски државјани кои во средата вечер беа уапсени на аеродромот во Солун, во обид да ја напуштат Грција. Дотогаш, двајцата обвинети ќе бидат во екстрадиционен притвор.

Грујевски и Бошковски – клучните обвинети`во „Таргет“ и „Тврдина“

Двајцата бегалци од правдата, 51-годишниот поранешен началник на Петтата управа на УБК Горан Грујевски и 35-годишниот вработен во УБК Никола Бошковски (35) во Македонија се обвинети од Специјалното јавно обвинителство во предметот „Тврдина и таргет“. Тие се гонат за незаконско прислушување на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на дел од таа опрема. Двајцата беа недостапни за органите на прогонот од моментот кога Апелацискиот суд во Скопје на 26 јули годинава издаде налог за нивно апсење.

Престојот и целта – непознати

Од грчкото министерство и натаму одбиваат да дадат информација кога и на кој начин Грујевски и Бошковски влегле во земјата, колку долго и каде престојувале и која била целта на нивното следно патување.

Двајцата беа уапсени на аеродромот во Солун во средата вечер, откако грчката полиција ги открила нивните фалсификувани бугарски пасоши. Дел од грчките медиуми наведуваат дека тие сакале да отпатуваат во друга земја-членка на ЕУ, додека некои попрецизно тврдат дека планот им бил да заминат во Будимпешта. Но, официјална потврда засега нема. Според неофицијални информации на ДВ, двајцата првично престојувале во вила на првиот крак на Халкидики, а потоа се префрлиле во стан во Солун.

Грчкиот функционер кој зборуваше со ДВ тврди дека се уште немаат таква информација. Тој потврди дека двајцата вчера биле изведени пред обвинител во врска со екстрадициската постапка и таму тврделе оти се жртви на монтиран процес и оти не сакаат да се вратат во Македонија затоа што таму животот би им бил во опасност.

Вчера премиерот Зоран Заев изјави дека не очекува поради политички причини да биде попречена екстрадицијата на Горан Грујевски и Никола Бошкоски од Грција во Македонија.

– Не очекувам да се јави политичка причина за да се спроведе меѓународното право. Македонија има склучено вакви договори со Грција. И во минатото, со преходната власт, Македонија немаше проблем во сите други аспекти, освен проблемот со името. Навистина имаме соработка со Грција од секој можен аспект. Министерствата за внатрешни работи и за правда соработуват и верувам ќе покажат соработка на дело, бидејќи тие се надлежни. Искрено не очекувам потреба од каква било политичка интервенција затоа што се работи за две соседни земји кои се пријатели. Опстојува еден горлив политички проблем кој верувам во периодот пред нас ќе го решиме заедно, изјави Заев.

Бошковски Грујевски екстрадиција лажни пасоши СЈО Солун
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.