Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хан: Големата стратегиска грешка на ЕУ за Скопје и Тирана треба брзо да се поправи

0
By Нова ТВ on November 28, 2019 СВЕТ
Фото: twitter
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одбивањето на францускиот претседател Емануел Макрон за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија е голема стратегиска грешка, која сè уште може да се поправи, оценува досегашниот еврокомесар за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, кој во новиот состав на Европската комисија ќе биде комесар за буџет и администрација.

Хан во изјава за весникот „Ханделсблат“ предупредува на негативните последици што може да ги предизвика противењето на Париз за да се отворат вратите на ЕУ за Скопје и Тирана.

„Желбата за реформи и имплементацијата се намалува во сите земји од Западен Балкан. Кредибилитетот на ЕУ е загрозен, а дополнително се поткупуваат и проевропските политички сили во регионот“, истакнува Хан, нагласувајќи уште еднаш оти одлуката на Макрон во октомври била „сериозна историска грешка“.

Хан затоа повикува на брзо поправање на штетата од француската блокада и се надева дека тоа ќе се случи уште во првиот квартал од следната година.

„Кредибилитетот може да се врати ако ЕУ многу брзо постигне заедничка позиција за отворање на преговорите со Северна Македонија и со Албанија. На сите шест земји од Западен Балкан мора да ми се даде европска перспектива, а тоа е во интерес и на ЕУ“, вели Хан.

За понудениот „нон пејпер“ од Франција смета дека дел од неговата содржина веќе е имплементиран во земјите од Западен Балкан, на пример во владеењето на правото и реверзибилност на процесот.

„Легитимно е, се разбира, да се разговара за подобрување на методологијата, но тоа не треба да се користи како оправдување за одложувањето на одлуката за старт на преговорите со Скопје и Тирана“, наведува Јоханес Хан.

Предупредува дека оддалечувањето на ЕУ од Западниот Балкан може да предизвика и безбедносни последици по регионот.

„Стабилноста на Балканот може да биде гарантирана само ако шесте земји од регионот влезат во ЕУ. Тоа е единствен начин за постигнување траен мир и просперитет. ЕУ веќе не е сама на Балканот. Кина и Русија инвестираат многу, а Турција и државите од Персискиот залив исто така се обидуваат да влезат во земјите од ЈИЕ“, вели Хан.

Досегашниот еврокомесар за проширување очекува неговиот наследник, унгарецот Оливер Верхели да продолжи да работи на приближување на земјите од регионот до ЕУ.

Албанија ЕУ Западен Балкан Јоханес Хан Македонија проширување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.