Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хан и Могерини: Вратите на ЕУ се отворени, ваше е да одите напред

0
By Нова ТВ on June 30, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Патот напред е јасен. Тоj води кон ваше членство во Европската унија. За да го остварите тоа, сите политички сили ја делат одговорноста за одржување конструктивен дијалог и продолжување на аспирациите на граѓаните, особено преку реформи во владеењето на правото, безбедносните служби, јавната администрација и функционалната пазарна економија.

Ова во заедничка изјава, објавена на официјалната интернет страница на ЕУ, го наведуваат високата европска претставничка, Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.

„Овие начела лежат во срцето на успешна европска приказна. Тие се, исто така, она што го бараат граѓаните на вашата земја, го сакаат и го заслужуваат. Ова е нашиот заеднички пат: колку повеќе Скопје ги задоволува потребите на своите луѓе, толку побрзо ќе напредува кон полноправно членство во ЕУ, пишуваат Могерини и Хан во заедничката изјава објавена на https://eeas.europa.eu/.

Натаму тие наведуваат дека историскиот договор меѓу Скопје и Атина ги направил горди Европејците и оти тоа е стратешки договор за двете земји и за цела Европа.

„Тоа покажува дека дури и најчувствителните прашања поврзани со историјата можат да се решат, со храброст и со визија. Двајцата бевме присутни на церемонијата на потпишување на Преспанското Езеро. Она што го видовме дополнително ја зајакна нашата верба во обединет и мирен континент, со европската перспектива за Западен Балкан како двигател на стабилноста на регионот“, наведуваат тие.

Истакнуваат дека членките на ЕУ изминатава недела го потврдиле тоа достигнување и поставиле јасен пат кон отворањето на пристапни преговори во јуни во 2019 година.

„Ние веднаш почнавме да работиме на ова ново, заедничко поглавје, при што Европската комисија започна подготовка за разговорите за пристапување. Со нетрпение очекуваме да работиме со вас и да пристапите кон овој нов предизвик со истата решителност што ве доведе до неодамнешни успеси“, велат Хан и Могерини.

Оценуваат дека земјата до неодамна била во длабока политичка криза, но успеала да го надмине тоа и да продолжи со клучните реформи, не за Брисел туку за сите луѓе во земјата.

„Постигнавте договори со Бугарија и со Грција, залагајќи се за нова динамика на соработка во Југоисточна Европа и отворање на вратите за инвестиции, работни места и економски раст. Сите овие позитивни чекори се инспирација за целиот регион“, наведуваат двајцата високи европретставници.

Додаваат дека од нивна страна, Европската комисија веќе ја започнала потребната подготвителна работа кон јуни 2019, вклучувајќи идна преговарачка рамка и оти поддржуваат продолжување на реформите, како и тоа дека секој има улога во овој историски процес.

„Единство, храброст, одговорност и прагматизам од сите ќе бидат од суштинско значење. Сите политички групи и партии, локалните власти и граѓанското општество треба да ја преземат одговорноста за овој процес и заедно да ја подготват основата за преговорите“, нагласуваат Хан и Могерини.

Според нив, работата во годината што следува е инвестиција во интеграцијата на земјата во ЕУ.

„Секој чекор се брои. Одење по овој пат не само што ќе ви овозможи да ги отворите преговорите, туку да го направите тоа на најефикасен начин. Во моментот кога официјално ќе се отворат преговорите, вие  веќе ќе бидете на брз колосек“, посочуваат тие.

На крајот истакнуваат дека вратите на Унијата се отворени и оти патот на земјата кон ЕУ станал неповратен.

Сега е до вас да одите напред на овој пат кон иднината на заеднички просперитет и безбедност. Тоа е слободна и суверена одлука на вашиот народ и на никој друг. Нашиот сон за обединет европски континент лежи во Вашите раце, заклучуваат во заедничката изјава посветена на земјава двајцата високи европски претставници.

Европска унија Јоханес Хан Македонија преговори Федерика Могерини членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.