Комесарот за проширување утре патува во Србија да пренесе убава вест од Брисел. Вест дека Србија, заедно со Црна Гора, има европска перспектива која треба да се реализира до 2025 година.
Претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер во својот стратешки говор за иднината на ЕУ изјави дека Западниот Балкан има кредибилна перспектива за влез во ЕУ:
“Доколку сакаме стабилно соседство, мора да понудиме кредибилна перспектива на пропирување за земјите од Западен Балкан. За време на овој мандат на ЕУ и на Европскиот парламент (ЕП) нема да има ново проширување бидејќи условите за прием не се исполнети. Но во иднина ЕУ ќе има повеќе од 27 земји членки”, порача Јункер од говорницата во Стразбур во говорот посветен на состојбата во ЕУ.
Но, тоа не се. Јункер вчера испратил писмо (кое содржи детали за активностите на ЕК во наредниот период) до претседателот на ЕП Антонио Тајани и претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск во кое се најавува план за изработка на “Стратегија за успешно пристапување на Србија и Црна Гора во Европската унија”. Стратегијата ќе биде готова до крајот на 2018 година а перспективата за членство е најавена за 2025 година.
Хан утре во Белград ќе се сретне со претседателот Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и министерот за надцорешни работи Ивица Дачиќ. Тој ќе учествува и на конференцијата насловена “Стратешко партнерство за иднината”.
“Комесарот Хан ќе ја повтори неспорната определба на ЕУ за интергацијата на Србија во ЕУ и поддршката за реформскиот процес”, велат во ЕК.