Хрватска денеска бележи рекорден број на инфекции на дневно ниво во четвртиот бран на пандемијата на ковид-19. Како што објави индекс.хр, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 4.571 случај на коронавирус од 13.083 тестови и 26 починати лица. Уделот на позитивните наоди во однос на бројот на тестирани примероци е 34,93 отсто.

Бројот на активни случаи на ковид-19 во Хрватска во моментот е 20.645 од кои 1.207 пациенти се наоѓаат на болничко лекување од кои 153 се приклучени на респиратор.

Хрватска вчера пријави 3.360 нови случаи и 30 починати пациенти.