Во последните 24 часа во Хрватска се пријавени 75 починати пациенти од ковид-19 од кои 60 не биле вакцинирани со ниту една доза, а заразата е потврдена кај уште 5.460 лица, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Во Хрватска во моментот има 34.731 активни случаи на инфекција со коронавирус, пренесува Хина.

Од почетокот на пандемијата, во земјата се регистрирани вкупно 594.475 случаи на коронавирус од кои 10.644 лица починале како последица на инфекција со ковид-19.

Досега во Хрватска се тестирани 3.411.379 милиони лица од кои 13.771 во последните 24 часа. Заклучно со денешниот ден се аплицирани 4.073.744 милиони дози на вакцини, а вакцинирани се 53,26 отсто од вкупното население и 63,57 отсто од возрасните.