Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И Заев и Мицкоски убедени во победа на локалните избори

0
By Sashko on September 20, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: dw.com/getty images
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 20, 2021 21:34

И премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва изјавија дека очекуваат да победат со своите коалиции на претстојните локални избори.

Ние ќе победиме и на градоначалничките места, во вкупен број, и во вкупен број на советничките места во државата, и во вкупен број на гласови, а ќе победиме и во градот Скопје. Затоа што сме Влада која помогнала на општините и искрено верува во општините, рече Заев на вечерашниот ТВ дуел со Мицкоски.

Нивниот став, како што рече премиерот, е да го понудат најдоброто за секоја општина и во делот на кандидатите за градоначалници и во делот за советници, како и најдобрите програми.

Анкетите што го покажуваат трендот како се случува, така ќе се случи и на овие избори, јас немам дилема. Затоа што треба да спроведеме успешна кампања, да ги доближиме сите проекти, идеи, визии, а секако и личноста на кандидатите пред граѓаните за да може да ги мотивираме да излезат на гласање и да изберат што е најдоброто за нивната општина. Во еден таков аспект настапуваме и со најбројната коалиција, ние сме со 22 политички партии, дополнително, ДУИ, БЕСА и ДПА и тоа е Коалиција на иднината, нагласи Заев.

Од друга страна, како што рече, е „коалиција која ја нарековме политички брак која ќе доживее развод“.

Мислам на Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците и Алтернатива. Сите знаат дека е неприродна и направена за политички цели да се направат максимални обиди колку што може поизвесно да се направи исполнување на желбата да се биде на власт, рече Заев.

Мицкоски, пак, истакна дека победата на опозицијата на овие локални избори не е доведена под знак прашање.

Тоа е крајот на оваа Влада предовдена од СДСМ и ДУИ и јас сум убеден, не само за тоа што граѓаните навистина тоа ќе го кажат туку затоа што едноставно не сме сите исти. Дека сме различни и дека тоа што ние го нудиме е еден нов квалитет, луѓе кои за првпат ќе ја бараат довербата на граѓаните, најгоемиот дел од кандидатите за градоначалници кои ги предложи коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за првпат настапуваат 95 посто, 96 посто се млади луѓе, луѓе во средни години, луѓе кои се мотивирани и храбри и коишто имаат визија, план, проект за општината која планираат во иднина како градоначалници да ја застапуваат пред граѓаните и јас сум убеден дека граѓаните тоа ќе го препознаат бидејќи сосема спротивно на тоа е она што го нуди СДСМ. Ние како опозиција комплетно ќе ја делегитимираме оваа неспособна Влада, рече Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ, според него, ќе освои поголоем број градоначалници од СДСМ и повеќе гласови и на советнички листи.

Коалицијата со Села и Гаши, како што додаде, е коалиција против корупција.

„Таа не е коалиција брак, туку тоа е коалиција против корупција која треба да ја води владата во Македонија и таа влада има сериозни намери да ги расчисти криминалот и корупцијата која се случуваше изминативе четири години. Коалицијата против корупција ќе ве порази вас и сите останати бидејќи сте до гуша заглавени во криминал, рече Мицкоски.

Зоран Заев локални избори 2021 Македонија ТВ дуел Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.