Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Имало ли руски обид за пуч во Црна Гора за да не влезе земјата во НАТО

0
By Нова ТВ on February 20, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 20, 2017 16:06

Обидот за пуч во Црна Гора бил направен за да се спречи земјата да влезе во НАТО.

Специјалниот обвинител на Црна Гора изјави дека Русија стои зад обидот за пуч направен на денот на изборите во Црна Гора на 16 октомври 2016 година. Оваа изјава ја потврдуваат британски извори кои ги цитира весникот The Telegraph.

«Добивме докази за националистичките структури на Русија зад овој пуч но отсега имаме докази кои наведуваат дека државни институции на Русија се вмешани до извесно ниво», изјави обвинителот Миливоје Катиќ во интервју за црногорски медиуми.

Обвинтелството се сомнева дека 25 лица, пред се Срби и двајца Руси, подготвувале мистериозен пуч за 16 октомври, денот на изборите.

Британски владини извори пак за The Telegraph велат дека ова е последен пример за “се поагресивната кампања” на руско мешање во западно-европските работи.

Пучистите сакале, вели обвинителот, да влезат со сила во парламентот и да прогласат победа на проруската опозиција Демократски фронт и да го фатат Мило Ѓукановиќ, па дури и да го убијат.

Ѓукановиќ е политичарот кој е најдолго на власт во Европа и според опозицијата тој е човекот кој ја води земјата и м удава наредби на официјалниот премиер Душко Марковиќ. Ѓукановиќ е на власт од 1991 година. Четири пати бил премиер а потоа и претседател. Во 2010 година се повлече од премиерската функција но остана претседател наДемократската партија на социјалистите во Црна Гора. Се смета дека Ѓукановиќ е еден од најбогатите политичари на светот.

Кремљ силно ги демантираше овие наводи и било какво мешање на Русија во обидот за напад врз Ѓукановиќ. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ги оцени за „неодговорни“ тврдењата на црногорскиот специјален јавен обвинител дека Москва е вмешана во „спречениот обид за пуч“.

Во моментов Црна Гора трага во 15 лица помеѓу кои двајца Руси за кои обивинителството вели дека се иницијатори на пучот. Станува збор за Едвард Ссимаков кој во 2014 година бил воен аташе на Русија во Полска и кој тајно работел под името Едвард Широков. Вториот осомничен е Владимир Николајевич Попов.

Според обвинителството единствен мотив на овие лица било да се спречи влезот на Црна Гора во НАТО.

Обвинителот Катиќ тврди дека европските пријателски земји и САД и помогнале на Црна Гора да го спречи пучот и да води истрага за руските структури кои учествувале во обидот за пуч.

Четворица Срби се изјасниле за виновни и осудени се учество во обидот за пуч. Петтиот учесник Александар Синѓелиќ за обвинителот на клучен сведок на овој случај.

Обвинителството денес испитува двајца припадници на црногорската опозиција, Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ, за кои постои сомнеж дека учествувале во пучот што двајцата го негираат.

НАТО пуч Русија Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 13, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

ВЕСТИ June 13, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со…

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.