Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иницијатива на Грција во ОН за заштита на цивилите во воените конфликти – потпишана од 80 делегации меѓу кои и земјава

0
By Marija Todorovska on May 23, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Фејсбук Permanent Mission of Timor-Leste to the United Nations in New York
Фото: Фејсбук Permanent Mission of Timor-Leste to the United Nations in New York
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 23, 2025 12:08

Имам чест да ја пренесам оваа изјава во име на 80 делегации, кои се обврзаа за почитување на меѓународното хуманитарно право и заштита на цивилите во вооружени конфликти, рече министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис од ОН во однос на грчката иницијатива за заштита на цивилите во воените конфликти, потпишана и усвоена од 80 земји, меѓу кои и нашата.

Иницијативата на Грција е во рамките на грчкото претседателство со Советот за безбедност на ОН, а Герапетритис во соопштувањето на заедничката изјава посочи дека „Обединетите нации регистрираа најмалку 36.000 цивилни жртви во 14 вооружени конфликти во 2024 година“.

За Газа, рече дека според канцеларија на ОН за координација на хуманитарни прашања, се соочува со „најлошата хуманитарна криза“ од почетокот на непријателствата, по нападите на 7 октомври 2023 година, а се осврна и на ситуацијата во Судан, Конго, Мали, Мозамбик, Мјанмар, Нигерија, Сомалија, Јужен Судан, Сирија, Украина и на други места.

Ова не може да продолжи. Денес, доаѓаме со една јасна порака: Заштитата на цивилите не е опционална. Тоа е законска обврска според меѓународното хуманитарно право и морален императив што не можеме да си дозволиме да го занемариме. Соочени со продлабочување на конфликтот и непочитувањето на цивилниот живот во премногу региони, ги повикуваме сите страни во вооружените конфликти да го почитуваат меѓународното хуманитарно право во сите околности и ги повикуваме сите земји-членки да го искористат своето влијание за да се гарантира ова почитување. Ова е основата – не е аспирација, туку обврзувачка обврска, законска обврска, рече Герапетритис.

Дополнително, истакна дека ја поздравуваат работата на хуманитарните актери и ги осудуваат сите акти на насилство и закани против нив, нагласувајќи дека минатата година беше најсмртоносна досега за хуманитарниот персонал, кога повеќе од 360 хуманитарци беа убиени во 20 земји, нешто што, како што посочи „мора да престане“.

Ги повикуваме страните во конфликтот да дозволат и олеснат, како што бара меѓународното хуманитарно право, безбеден, брз и непречен хуманитарен пристап до сите цивили на кои им е потребна помош. Инструментализацијата на помошта за политички, воени или безбедносни стратешки цели е неприфатлива, истакна шефот на грчката дипломатија.

Се осврна и на работата на новинарите и медиумите, повикувајќи ги страните во конфликтите „да ја почитуваат нивната професионална независност и права“ и додаде дека во време кога дезинформациите стануваат полесни и широко распространети, „честопати поттикнувајќи конфликт, независните медиуми и известувањето од местото на настанот се од особено значење“.

Заедничката изјава во ОН за заштита на цивилите во воените конфликти, на иницијатива на Грција ја потпишаа 80 делегации, односно Алжир, Ерменија, Австралија, Австрија, Бахами, Бахреин, Бангладеш, Белгија, Босна и Херцеговина, Бразил, Бугарија, Канада, Чиле, Кина, Колумбија, Костарика, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Доминиканска Република, Египет, Естонија, Европската Унија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Грција, Гватемала, Гвајана, Исланд, Индонезија, Ирска, Италија, Јапонија, Јордан, Кореја, Кувајт, Латвија, Либан, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малезија, Малта, Мексико, Молдавија, Монако, Црна Гора, Мароко, Холандија, Нов Зеланд, Северна Македонија, Норвешка, Оман, Пакистан, Палестина, Перу, Полска, Португалија, Катар, Романија, Саудиска Арабија, Сејшели, Сиера Леоне, Сингапур, Словачка, Словенија, Јужна Африка, Суверениот Воен Ред на Малта, Шпанија, Свети Винсент и Гренадини, Судан, Шведска, Швајцарија, Источен Тимор, Турција, ОАЕ и Уругвај.

војна Грција меѓународно хуманитарно право ОН цивили
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.