Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервју со Игор Иванов, претседател на ДФРМ: Македонскиот филм отсекогаш бил зависен од политиката, но никогаш не ѝ припаѓал

0
By Zoran Ivanov on March 16, 2026 КУЛТУРА, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 16, 2026 10:26

Сметам дека ДФРМ ја зацврсти својата позиција како значаен фактор во македонската култура. Во изминативе години покажавме дека не припаѓаме никому. Иако, постојано има обиди за стигматизација на Друштвото, за негово политичко боење и етикетирање, ние се „тепавме“ токму со оние за кои некои сакаа да кажуваат дека им припаѓаме. Македонскиот филм отсекогаш бил зависен од политиката, но никогаш не ѝ припаѓал. И сите обиди за негова партизација биле задушени однатре, од самите нас, без разлика кој во која црква се крсти или за кого гласа. Слободата останува примарна категорија како ултимативна вредност на секој еден што се зафатил со оваа прекрасна и проклета професија.

Тони Димков
Филмскиот режисер и автор Игор Иванов е при крај со својот втор мандат како претседател на ДФРМ, а станува збор за осумгодишен период во кој ДФРМ ја зацврсти својата позиција како значаен фактор во македонската култура.

Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) е Здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на филмските работници кај нас. Обезбедувањето континуитет во филмското творештво, како и зголемување на квалитетот и квантитетот на филмската продукција се водечките премиси на кои се темели мисијата на ДФРМ.

Покрај заштитата на професионалните права на филмските автори и работници, ДФРМ со свои членови учествува во стручни и јавни тела и комисии, го организира ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, од 2013 година ја доделува наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, ја организира филмската ревија „Златна рамка“, го избира македонскиот кандидат за Оскар. Реализацијата на сите овие активности е дел од агендата на претседателот на ДФРМ. Таков е случајот и со Игор Иванов.

При крај е твојот втор четиригодишен мандат како претседател на ДФРМ. Со каков предизвик дојде на оваа функција пред осум години и какво резиме би можел да направиш од денешна гледна точка?

– Мојот мотив тогаш е истиот што го имам и денес – со еден збор: „No pasaran“. Подобро утре за сите филмаџии, подобри услови за создавање филм и заштита на независните продуценти, автори и работници. Сите овие години поминаа во постојана борба за повеќе средства, повеќе слобода и правда, но и со блескави мигови за многумина колеги и нивните филмови.

Сметам дека ДФРМ ја зацврсти својата позиција како значаен фактор во македонската култура. Во изминативе години покажавме дека не припаѓаме никому. Иако, постојано има обиди за стигматизација на Друштвото, за негово политичко боење и етикетирање, ние се „тепавме“ токму со оние за кои некои сакаа да кажуваат дека им припаѓаме.

Македонскиот филм отсекогаш бил зависен од политиката, но никогаш не ѝ припаѓал. И сите обиди за негова партизација биле задушени однатре, од самите нас, без разлика кој во која црква се крсти или за кого гласа. Слободата останува примарна категорија како ултимативна вредност на секој еден што се зафатил со оваа прекрасна и проклета професија.

Сите овие години поминаа во постојана борба за повеќе средства, повеќе слобода и правда

Во овој период ДФРМ прослави 75 години од основањето. Покрај општественото значење, што за филмските работници значи постоењето на Друштвото?

– Прославувањето на 75 години од постоењето на Друштво на филмски работници на Македонија е значаен момент не само од симболичен аспект, туку и како потсетник на континуитетот на македонската кинематографија и на улогата што Друштвото ја има во нејзиниот развој. ДФРМ, заедно со ДПМ и ДЛУМ, е носечки столб на нашата култура и самобитност. Основано е од доајените на македонскиот филм: Благој Дрнков, Киро Билбиловски, Трајче Попов, Кочо Недков, Бранко Гапо, Љубе Петковски, Мишо Самоиловски, Драган Салковски, Лаки Чемчев, Димитрие Османли, Анте Поповски, Глигор Паковски, Никица Лазаревски, а негов прв почесен член е Милтон Манаки.

Друштвото отсекогаш било дом на филмските работници, особено во периодите кога на филмаџиите им било најтешко. Кога се чувствувале обесправени… Минавме низ разни етапи. Бевме сведоци на многу различни идеи за тоа како треба да се гради и развива македонскиот филм. Постигнавме големи филмски успеси. Трпевме и големи падови, неразбирања, неправди. Многу, многу ретки беа деновите кога властите сакаа да го слушнат гласот на филмските уметници. Во сите тие мигови, добри и лоши, ДФРМ било наш дом, чувар на нашиот интегритет, како луѓе и како филмаџии.

Во реализацијата на филмските проекти се вклучени стотина професии. Дел од нив постојат во регистер, но голем дел од специфичните филмски професии не се препознаени од државата. Што е направено во тој правец?

– Имавме многу, навистина десетици обиди да се регулира ова прашање. Но тешко успеваме, и ќе ви кажам зошто. Нашата држава долго време се плашеше од таканаречени „уљези“ – односно од можноста, покрај филмаџиите, во тие категории да се протнат и други категории работници и други професии.

Поради тоа, но и поради малиот интерес, од причина што станува збор за околу сто, сто и педесет работници, процесот на препознавање и систематизација на специфичните филмски професии се одвива многу бавно. За среќа, актуелното раководство на Агенцијата за филм и Министерството за култура покажуваат отворена заложба за конечно решавање на статусот на филмаџиите. Тоа би значело дека покрај авторите (режисери, сниматели, сценографи, итн…), кои имаат статус на самостојни уметници, и нивните соработници (асистенти, шарфери, мајстори на светло, гардеробери, реквизитери и десетици други) ќе се стекнат со сличен статус, кој ќе овозможи регулирање на нивниот стаж и осигурување.

Во меѓународната практика, овие професии се јасно дефинирани и препознаени како дел од креативната индустрија, што овозможува нивно институционално регулирање, професионален статус и полесно планирање на кариерата. Без нив – соработниците, ние филмските автори не би можеле да направиме ништо. Тие се „машината“ што го создава филмот.

Колку законската регулатива кај нас им овозможува на филмските продуценти поедноставно да ги реализираат проектите?

– Во овој домен ситуацијата е многу сложена. Години наназад, наместо да биде потпора и ветар во едрата, администрацијата често настапува инертно, ставајќи се во улога на истражен орган.

Целосно го поддржувам директорот Мицевски кога вели: „Филм не е класер“, тоа е жив процес и уметничко дело. Законот треба да се промени, да се осовремени и да се хармонизира со европската легислатива. Но, уште поважно е административниот апарат да прифати дека без фелата, без филмовите и нивните автори, сите нивни процедури и самото постоење немаат смисла. Тие постојат за нас, а не ние за нив. Тие треба да му служат на филмот, а не продуцентите да ѝ служат на Агенцијата за филм.

Да, крајно време е да се изготви и донесе нов закон за филм и аудиовизуелна дејност. Но поважна е имплементацијата, спроведувањето и толкувањето на законите. По сиве години борба, јасно ми е дека законите и не се толку лоши, многу полоши се „чудните“ толкувања на законите и улогата на административните тела при нивното спроведување. Затоа, кога е легислативата во прашање, ние немаме друг пат, освен да се угледаме и да се хармонизираме со европските кинематографии.

Колку нашите регулативи се усогласени со европските конвенции?

– Агенцијата за филм е оформена според европски модел, по урнек на европските филмски центри, агенции, фондови… Но, имплементацијата не е спроведена на начин на кој би било логично. Таа сè уште е зависна од Министерството за култура. Министерството ја проектира буџетската ставка за филм и има удел во носењето на правилници и други подзаконски акти од сферата на филмот. Идејата е филмот да остане целосно независен, а за нас тоа сè уште е далечна цел.

Она што е огромен проблем е непостојаноста на буџетска ставка која се однесува на филмската дејност. Во минатото, таа се одредуваше паушално, а на многумина од министрите за култура им беше омилена за поткусурување, кога им недостасуваа средства за други намени.

За среќа, сведочиме стабилизирање на овој сегмент и ги поздравуваме најавите на Владата за дополнително зголемување на буџетот за филм, воведувањето дополнителен конкурс за ТВ серии и изнаоѓање на законски решенија за „јавни такси“ што ќе ја полнат филмската каса. Македонскиот филм заслужува подобри услови, тој е најголем репрезент на македонската култура.

Од друга страна, Агенцијата за филм, како во минатото така и денес, понекогаш знае да делува и надвор од опсегот на сопствените овластувања. Добар пример за тоа е последниот конкурс, на кој се дава предност на одредени теми и жанрови. Агенцијата не може да нарачува теми и жанрови – тоа е спротивно на идејата врз која се темели европската културна политика. Воедно, досегашните развојни критериуми се заменуваат со значително помал број строго дефинирани критериуми, што во практика ја ограничува авторската и уметничката слобода. Европската кинематографија се заснова на диверзитет, авторска слобода и право на избор.

Во каква комуникација е ДФРМ со Агенцијата за филм, како директно надлежна за поддршка на филмската продукција?

– Ние сме во добра и постојана комуникација со Министерството за култура и Агенцијата за филм, но и во постојана борба за подобра и посуштинска комуникација. Нашето учество во креирањето на политиките што го засегаат филмот треба да биде природно и константно, затоа што ДФРМ ја претставува фелата. Како здружение што ги обединува авторите и професионалците од различни сегменти на индустријата, ДФРМ се обидува да ги артикулира нивните ставови и да ги пренесе до институциите на конструктивен начин.

Секако, во ваков процес понекогаш има различни гледишта и позиции, што е нормално кога станува збор за сектор кој вклучува различни перспективи. Но важно е разговорот да се води на професионално ниво и со фокус на системските решенија. Од позиција на фелата, целта никогаш не била да се создава институционален конфликт, туку да се отвори простор за подобрување на моделите и процедурите што влијаат врз целата индустрија.

Неодамна добивме покана од Министерството за култура, посредно да учествуваме во креирањето на стратегијата за култура во делот на аудио-визуелната дејност и тоа е одлично. Но, политиките и реформите често се случуваат и без консултации со самата филмска фела. Процесите мора да се одвиваат во дијалог со професионалната заедница, бидејќи токму авторите, продуцентите и филмските работници најдобро ги познаваат реалните услови во кои се создава филмот. Ние не сме против реформи. Напротив, сметаме дека системот треба постојано да се подобрува, а тие промени мора да бидат резултат на внимателна анализа и на отворена комуникација со професионалната заедница. Само преку вистинско партнерство меѓу институциите и професионалците, може да се создаде здрава и одржлива филмска политика.

ДФРМ е организатор на ИФФК „Браќа Манаки“ – Мони Дамевски и Игор Иванов во Битола

Филмската продукција кај нас главно е заснована на долгометражни и краткометражни играни филмови, а многу помалку се застапени документарниот, анимираниот или експерименталниот филм. Зошто е тоа така?

– Играниот филм е елитна категорија и природно е да побудува најголем интерес, особено кај младите.

Кога станува збор за документарниот филм, со години кај нас се провлекуваат форми кои, всушност, немаат многу врска со филмот. Сме гледале телевизиски репортажи, портрети или публицистички осврти што се третираат и финансираат како документарен филм. Слична е ситуацијата и со анимираниот филм. На пример, една видеосликовница не може да се поистовети со анимиран филм.

По распадот на „Вардар филм“, кој беше столб на анимацијата и на одредени продукциски традиции, особено документарниот филм, се изгуби континуитетот. Државата и фелата треба да вложат заеднички напори и заедно да изградиме систем што ќе овозможи развој и на овие филмски родови. Особено по огромниот успех на „Приказната за Силјан“, „Медена земја“, „Планината не оди никаде“…

Кога системот е поставен така што ги охрабрува различните формати и авторски пристапи, тогаш целата индустрија станува поразновидна, покреативна и поотпорна на предизвиците со кои се соочува современиот аудиовизуелен сектор.

Иако станува збор за мала кинематографија, сепак македонски филмови учествуваат на филмски фестивали од А-категорија. Колку ваквиот успех делува поттикнувачки за филмската заедница?

– Успехот на нашиот филм е над сите очекувања. Македонија е присутна на голем број значајни филмски настани – светски, европски и регионални фестивали. Тоа е силен поттик за целата филмска заедница, затоа што покажува дека и покрај ограничените ресурси, авторите успеваат да создадат дела што комуницираат со светската публика. Ние сме дел од европското филмско семејство и тоа присуство е важно и за културната видливост на државата.

Во исто време, тие успеси треба да бидат аргумент повеќе за системска поддршка на филмот. Се најавува зголемен буџет, репарација на кино мрежата, реновирање на зградата на „Вардар филм“ во функционален простор. Сето ова одамна го чекаме.

На филмската ревија „Златна рамка“ се доделуваат почесни награди – Јордан Симонов и Игор Иванов

Уште при твојот прв мандат беше иницирана филмската ревија „Златна рамка“, на која се прикажува актуелната филмска продукција. Какви се плановите за ревијата оваа година?

– „Златна рамка“ стана значаен настан за македонскиот филм. Таа е можност публиката на едно место да ја види годишната продукција, но и место каде што филмската заедница се среќава, разговара и ги отвора важните прашања за состојбите во кинематографијата.

И оваа година планираме ревијата да се одржи со стандардна програма – проекции на најновите македонски филмови, разговори со авторите, професионални средби и дебати. Целта е „Златна рамка“ да остане простор каде што македонскиот филм се претставува пред својата публика, но и платформа за дијалог за иднината на нашата кинематографија.

Текстот е сопственост на Слопбоден пачат.мк

(Интервјуто е објавено во „Културен печат“ број 324, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 14-15.3.2026)

ДФРМ Иванов игор интервју
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 16, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

ВЕСТИ April 16, 2026

Под мотото дека молчењето е злочин кон сопственото достоинство, Синдикатот на културата на Република Македонија…

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026

Полска бара Унгарија итно да ѝ ги испорача пребеганите функционери обвинети за криминал

April 16, 2026

Во сенката на иранската криза Русија континуирано ја напаѓа Украина

April 16, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.