Синоќа околу 22 часот во центарот на Скопје, полицијата го привелеа Р.Р. (36) од Скопје, бидејќи испрскал со гасен спреј за заштита во правец на бината, за време на одржувањето на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје потврдиле од  МВР за МИА.

Инцидентот се случил пред хотел „Јадран“ во моментот додека на бината бил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Р.Р. се обидел да се качи на бината, но бил запрен од обезбедувањето.

По интервенцијата на полицијата Р.Р. бил однесен во полициската станица Беко, информираат од МВР.

Во 22:15 часот во полициска станица Центар дошло друго лице, Д.Г. (29), и пријавило дека додека присуствувал на митингот бил испрскан со спреј од страна на лицето Р.Р.

Нема други детали за настанот.