Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истражување: Градоначалниците на Фејсбук само се промовираат

0
By Нова ТВ on December 17, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Осумдесет од вкупно 81 градоначалник користат Фејсбук во својата работа, покажа Анализата направена од тим специјалисти за социјални медиуми, во периодот помеѓу 4 и 15 декември 2017 година.

Втор на листата на „омилени“ социјални медиуми кои ги користат градоначалниците е Инстаграм. Неспоредливо со Фејсбук, но свој профил на овој социјален медиум имаат 21 градоначалник. Бројката драстично се намалува кај Твитер, па овој социјален медиум активно го користат само 5 од вкупниот број на 81 градоначалник.

-Ова е многу висок процент на градоначалници кои се активни на социјалните медиуми со цел да ги информираат граѓаните за својата работа во општините. Тоа што недостасува кај поголемиот дел од нив е да бидат секојдневно присутни онлајн, но не само за да се претстават, туку да го слушнат мислењето, критиките и предлозите кои доаѓаат преку социјалните медиуми. Разликата во бројот на градоначалници кои користат Фејсбук споредено со Инстаграм веројатно се должи на недостатокот на професионални лица и тимови за социјални медиуми кои секоја општина треба да ги има. Активното користење на Твитер од само пет градоначалници можеме да го толкуваме како недостаток на ресурси, но пред сè и како избегнување на оваа публика која важи за најкритизерска. Ова не е добро и мора да се промени, вели Бојан Кордалов, специјалист за нови медиуми и односи со јавноста и автор на оваа анализа.

Анализата покажува и дека само тројца градоначалници истовремено користат Фејсбук, Твитер и Инстаграм во својата работа, а само еден градоначалник воопшто не ги користи социјалните медиуми.

Сепак, градоначалниците се поактивни на Фејсбук од пратениците и министрите. Анализата од март годинава покажа дека 110 од вкупно 120 пратеници користат Фејсбук, додека слично истражување објавено во јуни годинава покажа дека 20 од вкупно 26 министри се редовно активни на овој социјален медиуми.

Авторот на анализата додава дека користењето на социјалните медиуми од страна на градоначалниците не е веќе прашање на избор, туку потреба и нивна општествена одговорност кон граѓаните на нивната општина.

градоначалници истражување Промоција социјални мрежи Фејсбук
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.