Премиерот Матео Ренци вечерва поднесе оставка на функцијата, соопштија од канцеларијата на италијанскиот претседател, Серџо Матарела. Матарела, сепак, го замоли Ренци да остане на чело на преодната влада додека траат консултации со партиите, се наведува во дописот со медиумите.

Ренци најави дека ќе се повлече во текот на денот, непосредно по усвојување на буџетот за 2017 година во италијанскиот парламент. Својата оставка ја понуди на Матарела по два дена од поразот на референдумот за уставни промени што ги предложи.

Со денешното усвојување на буџетот се избегнаа вонредни финансиски прописи што требаше да стапат на сила на 1 јануари.