Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Италија: Котарели доби мандат да формира техничка влада

1
By Нова ТВ on May 28, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Италијанскиот претседател Серџо Матарела му додели мандат на поранешниот директор во ММФ, Карло Котарели, за формирање преодна влада, а наскоро се можни и нови избори.

Техничката влада би ја предводела земјата до нови избори. Ако добие доверба од Парламентот, ќе предложи буџет и на почетокот на 2019 година може да се одржат нови парламентарни избори.

Доколку не добие парламентарна доверба, тој ќе инсистира на итни нови избори, а тие би можеле да се организираат уште во август, изјави Котарели.

Ваквиот развој на настаните следи, откако претходно пропадна обидот за формирање нова влада од страна на еврокритичката алијанса составена од движењето Пет ѕвезди и деснопопулистичката партија Лега.

Претседателот Матарела одби да го назначи критичарот на еврото и на Германија, Паоло Савона за министер за економија.

Движењето Пет ѕвезди и Лега најавија спротиставување на изборот на техничка влада. Шефот на Лега, Матео Салвини, се изјасни против покренување импичмент за Матарела, а двете партии размислуваат околу заеднички настап на евентуалните нови избори.

Котарели од 2008. до 2013. година беше директор во ММФ, а во владата на премиерот Енрико Лета извршуваше задача „комесар за штедење“.

Влада избори Италија Котарели криза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.