Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Италијански шарм за балканско реобединување

0
By Светлана Јовановска on May 25, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 25, 2017 13:28

На Балканот му треба успех во ЕУ а на ЕУ и треба успех на Балканот.

Ова е тезата од која тргна шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини кога одлучи да им испрати покана на шестмината балкански лидери да дојдат во Брисел на неформална вечера.

Балканот е во Европа и тој мора да се интегрира во ЕУ, смета Могерини. Таа на 11 мај за италијанскиот весник ,,Ла Стампа“ рече (линк на италијански):

„Резултатите од претседателските избори во Франција покажаа дека ЕУ е жива и понатаму ќе се проширува. Сигурна сум дека дека по Брегзит ќе имаме нови членки. Мислам дека тоа ќе бидат земјите од Балкан. Многумина овој процес го нарекуваат проширување, но јас сакам да го гледам како реобединување“, изјави Могерини.

Таа ја има и поддршката на тројцата претседатели на ЕУ: ДоналдТуск од Советот на ЕУ, Жан-Клод Јункер од Европската комисија и Антонио Тајани од Европскиот парламент.

Свесни ЕУ им се отвора нова шанса за влез во ЕУ, сите Балканци се одѕваа на поканата. Премиери во заминување како Србинот Александар Вучиќ кој наскоро ќе биде претседател. Или премиери во доаѓање како Македонецот Зоран Заев. Тука беа и Душко Марковиќ од Црна Гора, на Албанија Еди Рама, на Косово Иса Мустафа и на Босна и Херцеговина Дениз Звиздиќ.

Зоран Заев од вечерата излезе задоволен и “уште повеќе охрабрен за европските перспективи на мојата земја и целиот Западен Балкан”, изјави тој.

“Се разговараше за поголемо внимание, посериозна фокусираност на ЕУ кон Западен Балкан што за нас е обврска повеќе да работиме на ЕУ перспективата преку реформи, преку градење пријателства во регионот и исполнување на условите за полноправно членство во ЕУ”, изјави Заев.

Слични охрабрувачки изјави дадоа и другите балкански премиери. Сите подготвени да почнат регионална зајакната соработка на инфраструктурни проекти и на заживување на економиите на Балканот. Могерини била толку задоволна од средбата што по вечерата продолжила преку Вајбер да разменува мислења со нив. Некои добивале дури и “смајлис” од неа.

Европската идеја за балканско реобединување не е нова. Таа беше срамежливо предложена по завршувањето на екс-југословенски војни. ЕУ беше веднаш обвинета дека сака да формира нова Југославија. Беше прерано за оваа идеја. Раните од војните се уште крвареа.

По примерот на Вишеград?

Овој пат идејата повеќе потсетува на групата Вишеградски земји. Четири земји – Унгарија, Полска, Чешка и Словачка – по падот на комунистичкиот режим сфатија дека секоја засебно имаат многу малку, дури и никакво влијание во Европа. И сфатија дека само заедно можат да бидат посилни. Нивното обединување им овозможи да и докажат на Европа дека имаат капацитет да соработуваат. Оваа соработка им дозволи да ја остварат желбата на нивните граѓани и да влезат во НАТО и ЕУ.

Деан Ѓоршоски

Така, според Деан Ѓоршоски, експерт во Холандскиот економски институт, оваа соработка на иницијатива на Могерини би можела да донесе заеднички настап на балканските земји пред ЕУ и побрзи преговори за членство.

“Потребно е прво исполнување на домашните задачи како план за брзи реформски процеси, план за брза интеграција на Балканот во ЕУ и тоа групно за да нема условувања помеѓу земјите и план за решавање на отворените билатерални прашања помеѓу овие земји. Земјите треба да се договорат за заживување на регионалната соработка за која толку долго се зборува а која досега не дала убедливи резултати. Значи, економска интеграција на регионот, зголемување на конкурентноста и подобра инфраструкура”, вели Ѓоршоски.

Доста со национализам

Сепак, првиот услов треба да биде крај на националистичките изјави и чекори. Во последните месеци како да имаше вистински натпревар помеѓу некои балкански земји кој ќе биде поголем националист.

Иднината ќе покаже дали сите ја сфатиле пораката на Могерини која таа ја формулираше на дипломатски начин: “Во последните настани имаше тешкотии но и некои добри чекори па оттука добро е да се сретнеме и да споделиме мислења, сите заедно, за чекорите што треба да се направат во иднина. Верувам дека ова е одлична можност за градење подобро регионално разбирање”, рече таа.

Доказ дека овој прв обид на Могерини почна да дава и резултати се смирувачките тонови кои дојдоа од премиерот на Србија и македонскиот мандатар по изјавата на Заев за националистичко лидерство во Белград.

“Ние сакаме добри односи со Македонија и ќе имаме. Тој самиот се осврна на тоа што го кажа. Тоа беше фер од него”, рече Вучиќ.

И Заев потврди дека разговарал со Вучиќ и изразил жалење поради своите зборови.

Потоа двајцата си подале рака.

Александар Вучиќ балкански лидери Брисел ЕУ Зоран Заев неформална вечера Федерика Могерини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.