Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов: Фер пристап кон Македонија за отпочнување на преговорите со ЕУ

0
By Нова ТВ on February 25, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 25, 2018 17:52

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, соопшти дека на денешната средба со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, се разговарало за актуелната политичка состојба во Република Македонија, за процесот на евроатлантските интеграции, како и за клучните предизвици со кои се соочуваат регионот и Европската Унија.

Претседателот Иванов изразил благодарност за поддршката на претседателот на ЕК за европската перспектива на државата, која претставува највисока стратешка надворешно-политичка цел, како и за неговата заложба за зајакнување на европскиот ангажман на Балканот како инвестиција во стабилна, силна и обединета Европа.

„Ја поздравуваме подготвеноста од Европската Комисија за обновување на препораката врз основа на исполнетите критериуми од наша страна“, изјавил Иванов, дополнувајќи дека деблокирањето на интегративните процеси, преку соодветното вреднување на нашиот напредок, позитивно ќе влијае врз реформските процеси и врз целата општествено-политичка состојба во Република Македонија.

Македонскиот претседател ја нагласил и неопходноста од фер и објективен пристап за Република Македонија, во однос на отпочнувањето на пристапните преговори за полноправно членство во ЕУ.

Во таа насока, претседателот Иванов позитивно ја оценил Стратегијата за Западен Балкан, промовирана од страна на Јункер и истакнал дека со документот којшто претставува јасна порака во кој се изразуваат очекувањата од кандидатите за членство во ЕУ, уште еднаш се потврдува европската иднина на регионот.

Во однос на добрососедските односи, Иванов ги реафирмирал македонските напори за унапредување на односите со сите соседи и за поголема регионалната соработка, со цел стабилен, безбеден и просперитетен регион.

Во тој контекст, македонскиот претседател порачал дека изјавите на одредени политички лидери од регионот влијаат дестабилизирачки и не помагаат кон градење на добрососедски односи во регионот и не се европски.

Ѓорѓе Иванов ЕУ Жан-Клод Јункер Македонија преговори стратегија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.