Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Издадени налози за апсење на над 200 офицери на турската Армија

0
By Нова ТВ on December 14, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 14, 2018 10:52

Турското Јавно обвинителство издаде налози за апсење на 219 активни воени лица, осомничени, дека се поврзани со движењето на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека го организирал обидот за пуч во Турција во 2016 година.

Полицијата спроведува операција за апсење на осомничените. Сите осомничени се офицери од активниот состав на армијата, меѓу кои и четворица полковници.

Акцијата за приведување на осомничените започнала во 1 часот по локално време по наредба на Обвинителството во Истанбул.

Освен операцијата во Истанбул, Обвинителството на Анкара издаде налози за приведување на 48 вработени во компанија од секторот на одбранбената индустрија.

Тие, исто така, се сомничат за врски со движењето на Ѓулен. Според информации на турски медиуми, осомничените се вработени во водечката турска компанија во одбранбената индустрија „Аселсан“.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган неодамна најави дека Турција ќе преземе нови иницијативи во странство за спречување на финансирањето на поддржувачите на Ѓулен.

Повеќе од 250 луѓе загинаа, а околу 2.200 беа повредени при обидот за државен удар во Турција во јули 2016 година, за кој Анкара го обвини исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кој повеќе години живее во доброволен азил во САД.

апсења Ѓулен офицери пуч Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026Updated:August 15, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

ВЕСТИ August 15, 2026

Македонската репрезентација забележа одличен настап на Балканското првенство во Планински велосипедски маратон – МТБ, што…

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.