Државната изборна комисија штотуку ги соопшти резултатите за излезност до 17 часот од вториот круг локални избори, а според нив најголема е излезноста во општина Демир Капија, додека најмала во Шуто Оризари.

Како што соопшти Љупка Гугучевска, портпаролката на ДИК, на ниво на сите 35 општини во кои денеска се одржува вториот круг, излезноста до 17 часот изнесува 43.89 отсто.

Во Демир Капија, каде што излезноста е највисока, до 17 часот изнесува 76.59 отсто од запишаните гласачи, додека во Шуто Оризари 31.76 отсто.

Споредено со првиот круг избори, излезноста до 17 часот на ниво на сите општини е пониска. Во Демир Капија излезноста до 17 часот е повисока за разлика од првиот круг, додека во Шуто Оризари пониска.

За поединечен преглед на излезноста по општина, на следниов линк.