Александар Зверев (20) приреди големо изненадување во Рим и со победата над Новак Ѓоковиќ ја подигна првата Мастерс титула во кариерата. Младиот Германецот го порази вториот светски рекет со 6:4, 6:3 во финалето што траеше час и 22 минути.
Ѓоковиќ не успеа да го копира полуфиналното издание против Доминик Тим. Не само што не успеа до брејк туку не успеа да обезбеди ниту прилика за одземање на сервис на противникот и остана на 30 турнирски победи од Мастерс серијата колку што има и Рафаел Надал.