Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанакиески до СЈО: Повредено ми е правото на приватност и семеен живот

0
By Нова ТВ on November 4, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 4, 2017 15:21

Екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска преку писмена изјава регира што не бил повикан на вчерашната јавна седница на Апелација каде се одлучуваше дали бомбите ќе бидат земени предвид као доказ во случајот ТНТ и Топлик.

-Со оглед на тоа што ми беше оневозможено да се произнесам во судница се чуствувам повикан јавно да реплицирам на скандалозниот настап на обвинителите од СЈО, кои уште еднаш потврдија дека нивното дејствување е политичко и нема никакви допирни точки со правото и правдата, се вели во изјавата.

-Би потсетил дека токму СЈО јавно на прес конференција тврдеше дека брутално биле кршени човековите права на граѓани на Македонија како резултат на повеќегодишно незаконско следење на комуникации при што изнесе дека наводно еден од моите телефонски броеви бил следен 732 дена, друг 573, трет 816 дена. Иако од нив никогаш не сум добил официјално известување колкав е обемот на материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации за кои тврдат дека се мои, по моја слободна проценка врз основа на јавно објавените податоци од СЈО, најверојатно се работи за над 100.000 разговори во кои спаѓаат и разговори на мојата сопруга, која го користи еден од телефонските броеви за кои СЈО вели дека биле незаконски прислушкувани. Би ги запрашал претставниците на СЈО, зарем не е повреда на правото на приватност и семеен живот прислушкувањето на моите и на разговорите на мојата сопруга, направено надвор од било каква законска процедура?

Не случајно уставотворецот правото на приватност го вброил во основните човекови слободи и права и не случајно пропишал дека само врз основа на одлука на суд, под услови и во постапка утврдена со закон може да се отстапи од ова право. Не случајно постои посебен Закон за следење на комуникациите, не случајно има цело поглавје во Законот за кривична постапка кој го уредува користењето на посебните истражни мерки и не случајно одредбите за законитост на доказите се ставени во поглавјето за основни начела во кривичната постапка. Сите овие одредби постојат токму за да се спречи ова што СЈО се обидува да го направи – да прогонува граѓани врз основа на докази стекнати на незаконски начин и да даде легитимитет на масовното долгогодишно незаконско следење на комуникациите.

Јавно би сакал да укажам дека владеењето на правото и почитувањето на законот како темелна вредност на Уставниот поредок сите не обврзува но и на сите подеднакво ни гарантира дека никој не смее да ни ги наруши правата кои ни се загарантирани како граѓани на оваа земја, без разлика дали некој извршува јавна функција или не, сите имаме исти права и сите треба да бидеме еднакви пред институциите.

Скандалозно тврдејќи дека за мене и моето семејство не може да важат одредбите од Европската конвенција за човекови права, Уставот и законите во Република Македонија кои го штитат правото на приватност и семеен живот само затоа што сум бил министер и вршев функција преку која со мојот тим оставив бројни мерливи и видливи проекти зад себе, СЈО направи уште една повреда на моите права како граѓанин вршејќи политичка дискриминација врз мене, се вели во изјавата на Јанакиески.

СЈО: Прислушувањето го вршел првиот човек на УБК и висок партиски член

На вчерашната јавна седница, судијката констатира дека Јанакиеси иако бил уредно поканет, не се појавил, на што реагирла неговиот адвокат кој тврдел дека тој не е поканет. На крајот судот констатираше дека трипати се обидел да ја дoстави поканата, но Јанакиески не бил пронајден. Поради кусите рокови и поради тоа што присуството е незадолжително, судот закажал седница.

 

"Топлик" Апелација бомби докази јавна седница Миле Јанакиески СЈО ТНТ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.