Продолжува собраниската комисија за политички систем, на чиј дневен ред се извештаите на Специјалното јавно обвинителство и на Државното јавно обвинителство. Пред малку во салата дојдоа обвинителите Катица Јанева и Марко Зврлевски и се очекува во секој момент да продолжи седницата.
Денешниот е трет ден по ред како се расправа по извештајот на СЈО, а Зврлевски никако да дојде на ред. Вчера седницата беше прекината бидејќи на Јанева и се слоши, па мораше да побара лекарска помош.